<<  Септември 2010  >>
 По  Вт  Ср  Че  Пе  Са  Не 
    1  2  3  4  5
  6  7  8  9101112
13141516171819
20212223242526
27282930   
МКЦ Радио
Make sure you have at least Flash Player 7. If not,please download.
ДРАМСКА СЕКЦИЈА PDF Печати Е-пошта

Младинскиот културен центар во рамките на своите програмски активности, како редовна програмска активност од областа на драмската дејност, става посебен акцент врз поддршката на развојот на драмскиот аматеризам.

Години наназад Младински културен центар е сцена од каде проникнуваат голем број на театарски работилници и драмски студија, кои подоцна промовираат врвни театарски имиња, значајни за развојот на македонскиот театар и култура воопшто.

Со таа заложба Младинскиот културен центар веќе 34 години е организатор на најголемиот интернационален театарски фестивал во Македонија и пошироко, МОТ. Од тој аспект Младинскиот културен центар од 2008 година го ребрендира и најголемиот  интернационален театарски фестивал на аматерски, алтернативни и експериментални театри “Лица без Маски“ кои по 10 годишна пауза повторно се враќа на матичната сцена. Самиот фестивал е поделен на национален и интернационален, со тоа докажувајќи ја заложбата на Младинскиот културен центар во промоцијата не само на најдоброто од светските, но и презентирање на најдоброто и најсмелото од домашната театарска сцена.