| ГРАДСКИ ДУВАЧКИ ОРКЕСТАР |
|
|
|
|
Со концептот: разновидна програма, карактеристичното чекорење низ улиците на градот, естетскиот изглед за кој придонесуваат униформите, на скопските улици се чувствува свечениот амбиент во празничните денови, кој граѓаните, за миг ги оттргнува од секојдневието. Од самиот почеток па сè до денес, градскиот оркестар, има настапувано на скоро сите манифестации во Градот Скопје и ширум Македонија. На репертоарот на Градскиот оркестар при Младинскиот културен центар застапени се дела на: Добшески, Милер, Харисон, Макартни, Леј, Моцарт, Андерсон, Манквина, Верди, Штраус, како и бројни останати автори на класична и поп музика. Сите членови се професионални музичари, и дел, студенти на Факултетот за Музичка Уметност.
|





