| CINEDAYS |
|
|
|
|
ЗА ФЕСТИВАЛОТ На иницијатива на познатиот шпански филмски режисер Педро Алмодовар и Вивијан Рединг, член на Европската асоцијација, одговорна за едукација, култура и аудиовизуелни медиуми, во периодот од 15 до 24 ноември 2002 год., Европа, за прв пат ја прославуваше филмската традиција преку манифестацијата CinEd@ys Europe 2002. Овој престижен филмски фестивал е дел од Кино Фросина при Младинскиот културен центар. Одржувањето на првиот CinEd@ys во 2002 год., наидува на голем интерес кај филмската публика во Градот Скопје и Македонија. Со самото учество во оваа манифестација со посебно подготвената програма, Младинскиот Културен Центар стана членка на Генералната дирекција за едукација и култура при Европската Комисија. Кино ФРОСИНА на Младински Културен Центар во 2004 година е член во Асоцијацијата на европски кина EURIMAGES. Во сопствената историја CinEd@ys ги угостува највозбудливото од современата европска кинематографија и бројни значајни кинематографски имиња на Eвропа. Меѓународниот филмски фестивал CINEDAYS е филмска манифестација со која се промовираат европските културни вредности и традиции, со главен акцент на европското кинематографско наследство, развивањето и негувањето на кинематографската култура воопшто, а на филмофилите, им се нуди можност да се запознаат со новите и квалитетни европски и светски филмски достигнувања, со некои од нивните автори. ФЕСТИВАЛ НА ЕВРОПСКИ ФИЛМ CINEDAYS CINEDAYS главна програма најнови остварувања од европската кинематографија пропратни програми филмови од македонската кинематографија филмови (ретроспектива) на европската кинематографија филмови од европските студентски академии за филм ново европско кино музички документарни филмови www.cinedays.com.mk
|



