Промоција на книгата ХОЛОГРАМ PDF Печати Е-пошта
Четврток, 27 Мај 2010 07:47

Во петок, 28.05.2010, 20:30 ч. , Младинскиот културен центар, ви ги претставува новите раскази на Сања Вуковиќ „ ХОЛОГРАМ “ во издание на издавачката куќа ИЛИ-ИЛИ. Промоцијата ќе биде во МКЦ- главен хол. Перформанс ќе изведат артисти од Театар 007 .
Ова се тивки дневници на копнежот и страста, но и на страдањето на поединецот, разочарувањето и среќата. Еден мал необичен свет на случки, свет кој зборува за обичните работи. Некои се опишани како експлицитни сцени од филм, а некои како неоткриен театар, кој сепак е виден.

Сања Вуковиќ е родена 1983 година во Скопје.Дипломирала на Катедрата за германски јазик и книжевност при Филолошкиот факултет „ Блаже Конески “. Досега ја има објавено збирката песни „Кодирани стихови“ (Магор, 2006)