|
„Транспонирање”- изложба на графики |
|
|
|
|
Четврток, 20 Мај 2010 15:35 |
|
На 26. мај (среда), во 20:00 часот, во галеријата на Младинскиот културен центар ќе биде отворена изложба на графики на Андријана Начевска.
На изложбата, Андријана Начевска ја покажува наклонетоста кон авторската графика, определувајќи се за техниката колографија, комбинирана со сува игла.
Колографијата како нестандарден облик на работа одговара на темпераментот и истражувачки дух на авторот, насочен кон експериментот и потрагата на граничните можности на ликовниот говор на графиката.
Делата на графиките се именувани „Транспонирање” и се во духот на поп артот, како и со колажирањето на елементите што се нанесуват на матрицата со употреба на интезивни бои и различни апликации од чипки, мрежички, монистра, така и по ироничниот однос кон темата што ја обработува, а тоа во конкретниов случај се парите.
Изложбата ќе биде отворена до 30 мај.

|