<<  Септември 2010  >>
 По  Вт  Ср  Че  Пе  Са  Не 
    1  2  3  4  5
  6  7  8  9101112
13141516171819
20212223242526
27282930   
МКЦ Радио
Make sure you have at least Flash Player 7. If not,please download.
ФИЛМСКА СЕКЦИЈА PDF Печати Е-пошта

Арт - киното во Младинскиот културен центар претставува единствено кино во нашата држава каде се прикажуваат арт филмови од европската кинематографија. Преку целата година во програмата на арт-киното се организираат филмски ревии посветени на европски кинематографии, портрети на европски филмски автори и други видови на манифестации.

По иницијатива на познатиот шпански филмски режисер Педро Амолдовар а под водство на Вивијан Рединг, членка на Европската асоцијација, одговорна за едукација, култура и аудиовизуелни медиуми, во периодот од 15 до 24 ноември 2002 година за прв пат Европа ја прославуваше филмската традиција преку манифестацијата CinEd@ys Europe2002.


 

Со самото учество во оваа манифестација со посебно подготвената програма Младинскиот Културен Центар стана членка на Европската Комисија генерална дирекција за едукација и култура.

Арт-киното “ФРОСИНА” на Младински Културен Центар во 2004 година е примено во Асоцијацијата на европски кина EUROIMAGES.

Одржувањето на првиот CinEd@ys 2002 во Младинскиот културен центар на општо изненадување наиде на голем интерес кај младите од градот, како и кај сите вљубеници во филмот од разни странски организации и институции.

Оваа традиција Младинскиот културен центар, преку програмата на Арт-киното Фросина, ја продолжи и оваа година на 7-то по ред издание на CinEd@ys 2008,на кој македонската публика имаше можност да го види најдоброто од Европската кинематографија како и да го проследи циклусот на нов Холандски филм,на кој можеше да се погледне најдоброто и најсвежото од новата холандска филмска продукција.

Концентрирани во една недела, филмофилите од нашиот град имаат можност да го погледнат изборот од најдобрите производи на европската кинематографија.

 

 

 

АКТИВНОСТИ (Програма за Филм)

 

 

АРТ КИНО

 

циклуси филмови

портрет на автори

претставување на национална кинематографија

жанровен циклус

редовна филмска програма

филмови на европската и светската кинематографија

детско матине (сабота и недела)

ФЕСТИВАЛ НА ЕВРОПСКИ ФИЛМ

 

 

CINEDAYS

 

главна програма

најнови остварувања од Европската кинематографија

 

пропратна програма

филмови од македонската кинематографија

филмови (ретроспектива) на европската кинематографија

филмови од европските студентски академии за филм

ново европско кино

 

Изработени Проекти

недела на африканската кинематографија

новиот израелски филм

новиот турски филм

новиот холански филм

новиот француски филм

новиот германски филм