|
ОТКРИВАЊЕ НА МРЕЖА ОД ГОЛЕМИ РЕГИОНАЛНИ СВЕТИЛИШТА ПОВРЗАНИ СО МЕГАЛИТСКАТА ОПСЕРВАТОРИЈА КОКИНО |
|
|
|
|
Среда, 30 Септември 2009 09:11 |
|
Во рамкие на реализација на истражувачкиот проект „Археоастрономска анализа на Мегалитската опсерваторија Кокино и другите слични локалитети на територијата на Република Македонија“ финансиран од Министерството за култура, истражувачкиот тим на Планетариумот при Младинскиот културен центар предводен од г-нот Ѓоре Ценев откри мрежа од големи регионални светилишта поврзани со Мегалитската опсерваторија Кокино.
Покрај Кокино како древна опсерваторија и големо светилиште во мрежата директно се вклучени уште 9 големи регионални светилишта лоцирани на територијата на 5 општини во Североисточна Македонија како и две локални светилишта сите изградени и користени во времето кога била изградена и користена Мегалитската опсерваторија Кокино.
За значењето на овие откритија за Република Македонија, но и за целиот медитерански простор на прес конференцијата ќе говори г-нот Ѓоре Ценев, раководител на истражувањата.
Прес конференцијата ќе се оддржи на 01.10.2009 (четврток) во просториите на Младинскиот културен центар со почеток во 10:00 часот.
Дополнителни информации можат да се добијат на тел. 02/ 3115 225 или 071 211 521.
{comments} |
|
|
Понеделник, 28 Септември 2009 10:44 |
|
Craig Bjerring, кантавтор, трубадур, акустичен мајстор, патник, е на D.I.Y. турнеја. Доаѓа во Скопје, најпрво да не запознае, а дури потоа да ни отсвири нешто на својата гитара.
Настапот на Oldseed во Скопје ќе се случи на 1 октомври (четврток) во бифето на кино Фросина.
Концертот се одржува по пат на донација (100, 150, 500, 1.000... по Ваш избор) за Craig да ги покрие патните трошоци - настапува без хонорар…
{comments} |
|
34. МЕЃУНАРОДЕН ТЕАТАРСКИ ФЕСТИВАЛ МОТ |
|
|
|
|
Вторник, 22 Септември 2009 11:13 |
|
34. издание на меѓународниот театарски фестивал МОТ го претставува "ТВОЕТО ОГЛЕДАЛО".
Посетете ја официјалната страница на МОТ.
{comments} |
|
BERNAYS PROPAGANDA КОНЕЧНО ВО МКЦ |
|
|
|
|
На 7.септември во 21 часот во МКЦ ќе настапат BERNAYS PROPAGANDA,
придружувани од словенечките IN-SANE и нашите SLUDGE.
Влезниците (200 денари) се веќе во претпродажба.
Побрзајте!!!

{comments} |
|
КОНКУРС ЗА ДРАМСКИ ТЕКСТОВИ |
|
|
|
|
Конкурс за нови драмски текстови
* Драмските текстови да бидат во согласеност со началните принципи на културната политика на Градски театар Скопје. (Сите заинтересирани можат да ја добијат истата на официјалниот сајт на Младинскиот културен центар www.mkc.mk)
* Доставените драмски текстови по својата природа да кореспондираат со новите театарски естетики, предност имаат смелите, авангардните и експерименталните текстови.Под ова се има во предвид драмски текстови кои во својата суштина ја имаат неконвенционалната театарска форма (се зема за пример пишувањето на драмски текст по време на процесот на работа).
* Драмскиот текст досега да не е објавуван (како во целост така и во фрагменти).
* CV на авторот За драмските текстови ќе одлучува комисија која ќе биде назначена од Градскиот театар Скопје.
Драмските текстовите можат да се достават најкасно до 20.06.2009 година во просториите на Младинскиот културен центар кеј “Димитар Влахов“ бб. 1000 Скопје со назнака за Градски Театар Скопје како и на e-mail адресата
Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите
{comments} |
|
КОНКУРС ЗА ИДЕЈНИ ТЕАТАРСКИ ПРОЕКТИ ЗА ГРАДСКИ ТЕАТАР СКОПЈЕ |
|
|
|
|
Конкурс за идејни театарски проекти за репертоарот на Градски театар Скопје | Сезона 2010 година
Градски театар Скопје распишува конкурс за театарски проекти кои треба да влезат во репертоарот на Градски тетар Скопје во сезоната 2010 година.На конкурсот може да учествуваат сите театарски дејци од Македонија кои ќе ги достават своите проекти најдоцна до 20.06.2009 година и ќе одговараат на следните услови: -
* Проектот да биде согласен со начелните принципи на културната политика на Градски театар Скопје. (Сите заинтересирани можат да ја добијат истата на официјалниот сајт на Младинскиот културен центар www.mkc.mk)
* Да достави детална режисерска експликација за проектот како и план за реализација на истиот.
* Доставените театарски проекти по својата природа да кореспондираат со новите театарски естетики, предност имаат смелите, авангардните и експерименталните проекти кои ќе ја докажат сериозноста на театарската продукција. Под ова се има во предвид проекти кои во својата суштина ја имаат неконвенционалната театарска форма (некласичниот театарски простор, разбивање на досега познатите форми, поагресивни теми за обработка кои со себе го надминуваат општовиденото решение на истите). Комисијата интерно ќе реши за сериозноста, како на кавалитетот на театарскиот проект, така и за авторскиот тим кој е одговорен за неговата реализација-
* CV на поднесителот на проектот За проектите ќе одлучува комисија која ќе биде назначена од Градскиот театар Скопје.
Проектите можат да се достават најкасно до 20.06.2009 година во просториите на Младинскиот културен центар кеј “Димитар Влахов“ бб. 1000 Скопје, со назнака за Градски театар Скопје, како и на e-mail адресата
Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите
.
{comments} |
|
ПРЕМИЕРА | “НЕЗАВРШЕНА ПРИКАЗНА“ |
|
|
|
|

Сонувајќи за добредојде, за макондо, тиквите и корените, преку мостот и чекорењето на камелеоните, насмевнувајќи му се на корифејот, му наздравив на актерот со чаша вино за Македонија... во поетско кабаретската имагинација се сретнав со туте и туте и нашата незавршена приказна која трае, трае и трае...
Емилија Андреева
Премиера на “Незавршена приказна“ на 14 и 15 Мај на сцената на Градскиот Театар Скопје во Младинскиот културен центар во режија на Борче Грозданов и Емилија Андреева, по текст на Борче Грозданов - Пандур. Билетите се во продажба на касата на Младинскиот културен центар по цена од 200 денари.
Земете го здивот од под поетскиот мост, за болката, тагата, замислата, помислата, мислата, радоста, животот, занавек...
Борче Грозданов - Пандур
{comments} |
|
Петок, 04 Јуни 2010 13:21 |
|
Последната септемвриска сабота, во соработка со европските метрополи, Градот Скопје го ангажира културниот и креативниот потенцијал. Резултат: Ноќ, исполнета со: непрекинати театарски претстави, концерти, поезија, ликовни изложби, перформанси, кино проекции, танц...
Ширум отворени вратите на културните институции, бројни гости - уметници од Европа и светот.
Доколку сакате да бидете дел од Белата ноќ, со вашите проекти, идеи, аплицирајте на официјалната интернет страница на Белата ноќ: http://belanok.mk/
|
|
|
|
|
<< Почеток < Пред 11 12 13 Следно > Крај >>
|