<<  Септември 2010  >>
 По  Вт  Ср  Че  Пе  Са  Не 
    1  2  3  4  5
  6  7  8  9101112
13141516171819
20212223242526
27282930   
МКЦ Радио
Make sure you have at least Flash Player 7. If not,please download.
ПРВО ИЗДАНИЕ НА МЕЈКДОКС PDF Печати Е-пошта
Понеделник, 07 Јуни 2010 11:48

 

На 05. јуни (сабота), ќе започне првото издание на меѓународниот фестивал на креативен документарен филм МејкДокс (MakeDox).

Во Куршумли Ан, Младинскиот Културен Центар и Кинотеката на Македонија, Скопјани, а подоцна и жителите на другите градови низ Македонија ќе можат да проследат 63 документарни филмови од целиот свет.
Филмовите се групирани  во четири програмски целини: главна селекција, нови автори, МејкМјузик, ретроспектива  на македонски кратки документарци и програма на кратки филмови за деца и млади.
Младинскиот Културен Центар во премиерното издание на фестивалот МејкДокс партиципира со МејкМјузик селекцијата, како и со концертот на Репетитор, Жордан и Трезорс на самото затворање на фестивалот на 12. јуни.


ПРОГРАМАТА НА МЕЈК МЈУЗИК ДОКУМЕНТАРНАТА СЕЛЕКЦИЈА:

7. јуни 2010
19:00 - Срцето е удирачки инструмент / The Heart is a Drum Machine, 74 мин

8. јуни 2010
19:00 - Муг / Moog, 72 мин

9. јуни 2010
19:00 – Фанк-и-ластик на Црниот заб / Funk-Y-Stretch by Black Tooth, 88 мин

10. јуни 2010
19:00 – Хип-хоп приказна од Хрватска / Hip-Hop Story from Croatia, 90 мин

11. јуни 2010
19:00 – РиП: Ремикс манифест / RiP: A Remix Manifesto, 80 мин

12. јуни 2010
22:00 - Концерт на Repetitor (Србија), Jordan (Франција), Tresors (Франција)

 



Се гледаме во МКЦ

 
Нов филм на репертоарот на Градско кино Милениум PDF Печати Е-пошта

ИМАГИНАРИУМ НА ДОКТОРОТ ПАРНАСУС
THE IMAGINARIUM OF DOCTOR
PARNASSUS

Почеток на проекциите од Петок 04.06.2010
11:00, 13:30, 20:30, 22:30

Режија: Terry Gilliam
Улоги: Johnny Depp, Heath Ledger, Jude Low, Colin Farrell

Помина повеќе од една година од смртта на талентираниот холивудски актер, Хит Леџер, кој потсхумно беше награден со Оскар за својата улога на негативецот Џокер во „Мрачниот витез“. Смртта го затекна актерот на снимањето на филмот на Тери Гилијам, „Имагинариумот на Доктор Парнасус“, но преостанатата екипа успеа да го заврши снимањето на филмот.

Гилијам не се откажа од снимањето ангажирајќи ги: Џони Деп, Колин Фарел и Џуд Лоу со цел да биде комплетирана улогата. По последната клапа на филмот, режисерот Гилијам ќе изјави: „многу тешко е кога ќе се загуби пријател во текот на снимањето, но екипата целосно се посвети на завршувањето на филмот.“

Имагинариумот на Доктор Парнасус“ е фантазија за човек стар илјада години и за неговиот патувачки театар. Главната улога во филмот ја игра Кристофер Палмер, а славниот музичар Том Вејтс ја толкува улогата на Ѓаволот.

 Најновиот филм од опусот на Тери Гилијам ежисерот на „Страв и параноја во Лас Вегас“, „12 мајмуни“, „Монти пајтон и Светиот Грал“не води во свет во кој се истражуваат границите на човечката фантазија и цената која се плаќа за остварување на соништата. Дејствието се случува во Лондон каде што патувачкиот театар на докторот Парнасус на љубителите им дава прилика, со поминување низ огледалото, да влезат во светот на својата фантазија. Посетителите не знаат дека докторот Парнасус има склопено договор со ѓаволот. Докторот така се има здобиено со младост, а ѓаволот со правото да ја добие неговата ќерка Валентина кога таа ќе наполни шеснаесет години. Тој момент се наближува и докторот Пaранасус склопува уште еден договор со ѓаволот – Валентина ќе ја добие оној кој прв ќе успее да заведе пет души.

 

 

 
ПРИМЕНЕТА РАБОТИЛНИЦА 2010 PDF Печати Е-пошта
Петок, 28 Мај 2010 10:03

Во деновите сабота и недела 29 и 30 Мај како и 5 и 6 Јуни од 13 часот во Детскиот креативен центар при Младинскиот културен центар ќе се реализира проектот “Применета работилница 2010”. Децата кои се заинтересирани за ваков тип на работа ќе имаат можност да се запознаат со една нова ... сликарска дисциплина , сликање со професионални бои на стаклени и керамички површини. Во работилницата ќе бидат вклучени децата членови на ликовното студио на ДКЦ , од основните училишта од Скопје и неколку претставници од СОС – Детско село.Оваа манифестација се одржува втора година по ред ,па така заради интересот на децата од мината година сметаме дека треба традиционално да се одржува секоја година . Модератор на годинешната Применета работилница 2010 ќе биде Сандра Пешевска - ликовен педагог од Скопје. По завршувањето на работилницата ќе биде направена изложба од изработките во Младинскиот културен центар , за чиј термин ќе добиете дополнително информации.
Сите заинтересирани може да дојдат во ДКЦ во најавените термини , влезот е слободен.
Ве очекуваме.

 
Промоција на книгата ХОЛОГРАМ PDF Печати Е-пошта
Четврток, 27 Мај 2010 07:47

Во петок, 28.05.2010, 20:30 ч. , Младинскиот културен центар, ви ги претставува новите раскази на Сања Вуковиќ „ ХОЛОГРАМ “ во издание на издавачката куќа ИЛИ-ИЛИ. Промоцијата ќе биде во МКЦ- главен хол. Перформанс ќе изведат артисти од Театар 007 .
Ова се тивки дневници на копнежот и страста, но и на страдањето на поединецот, разочарувањето и среќата. Еден мал необичен свет на случки, свет кој зборува за обичните работи. Некои се опишани како експлицитни сцени од филм, а некои како неоткриен театар, кој сепак е виден.

Сања Вуковиќ е родена 1983 година во Скопје.Дипломирала на Катедрата за германски јазик и книжевност при Филолошкиот факултет „ Блаже Конески “. Досега ја има објавено збирката песни „Кодирани стихови“ (Магор, 2006)

 
3-ТИ ИТФ „ЛИЦА БЕЗ МАСКИ“ 2010 PDF Печати Е-пошта
Петок, 21 Мај 2010 08:45

Третото издание на Интернационалниот театарски фестивал „ЛИЦА БЕЗ МАСКИ“ и оваа година го задржа основното начело: да се промовира независниот, алтернативен и експериментален театар, креиран од млади ентузијасти, искрени вљубеници во театарската уметност.
На сцените на Младинскиот културен центар, од 10 до 14 мај 2010 година, се претставија млади театарски уметници од Германија (Документарен театар – Берлин  со претставата „Танчерка зад бодликава жица“), Бугарија (Универзитетски театар на НБУ со претставата „Die Ubung“/Вежба), Словачка, Србија и Македонија.
Театарската група Шамајел од Иран која требаше да настапи на завршната вечер на годинашното трето издание на ИТФ „Лица без маски“ со претставата „Мажите секогаш се враќаат дома“, во режија на Абдола Барјасте Јазди, која беше еден од адутите на фестивалот, и покрај сите дополнителни ангажирања и од страна на МКЦ, не успеа да ги разреши организационо-административните проблеми и да дојде во Скопје.
На двата фестивалски форуми се дебатираше за изведените претстави на фестивалот со активно учество членовите на жири комисијата и на театрите учесници на фестивалот.

На завршната вечер, на 14 мај, беше изведена претставата „Еволуција. Револуција. Еволуција…“која е производ на едномесечната работилница со младите волонтери од Естонија, Франција, Португалија кои беа дел од организацијата на фестивалот „Лица без маски“. Оваа претстава говори за еволутивниот развој на театарската уметност. Поделена е во неколку сегменти: ритуален театар, антички театар, ренесансен театар, пантомима и современи форми на театарско изразување. Режија: Игор Ивковиќ, со помош од Катерина Петровска и Дарко Велиќ  

Доделување на наградите на 3-тиот ИТФ „Лица без маски“ 2010


Претставите ги оценуваше тричлено интернационално жири составено од Јоке Елберс, претставник на Бордот на директори на Интернационалната асоцијација за аматерски и алтернативни театри (ИАТА), македонската актерка Марина Поп Панкова и театарскиот критичар Илија Упалевски. Од оваа година, листата со награди е зголемена на вкупно три.

Главната награда Гранд при за најдобра претстава во целина – статуетка на „Малиот принц“, која подразбира копродукциски проект на победничкиот театар со македонски алтернативен театар, за најдобра претстава во целина ја доби претставата „Папагалите не јадат бумбари“, по текст на Вилијам Мастросимон, во режија на Јан Микуш, на Дивадло Г.Ф. Белопоточкехо од  Словачка.

Наградата за колективна игра и посебно достигнување како ансамбл за претставата „Бре Кабаре“ на авторите В. Џурџевиќ - В. Цвејиќ, во режија на Владимир Цвејиќ, ја доби Академскиот театар „Бранко Крсмановиќ“ од Србија.

Наградата за визуелно обликување за претставата „Вител“ од Коле Чашуле, во режија на Орхан Јашаровски, ја доби Театар Рома од Македонија.

Младинскиот културен центар со својот бренд „ЛИЦА БЕЗ МАСКИ“, ја продолжува и понатаму промоцијата на алтернативниот театарски израз кај нас, па и многу пошироко, во светското аматерско театарско семејство.

 
„Транспонирање”- изложба на графики PDF Печати Е-пошта
Четврток, 20 Мај 2010 15:35

На 26. мај (среда), во 20:00 часот, во галеријата на Младинскиот културен центар ќе биде отворена изложба на графики на  Андријана Начевска.

На изложбата, Андријана Начевска ја покажува наклонетоста кон авторската графика, определувајќи се за техниката колографија, комбинирана со сува игла.
Колографијата како нестандарден облик на работа одговара на  темпераментот и истражувачки дух на авторот, насочен кон експериментот и потрагата на граничните можности на ликовниот говор на графиката.
Делата на графиките се именувани „Транспонирање” и се во духот на поп артот, како и со колажирањето на елементите што се нанесуват на матрицата со употреба на интезивни бои и различни апликации од чипки, мрежички, монистра, така и по ироничниот однос кон темата што ја обработува, а тоа во конкретниов случај се парите.

Изложбата ќе биде отворена до 30 мај.

 
Нов филм на репертоарот на Градско кино Милениум PDF Печати Е-пошта
Четврток, 20 Мај 2010 15:19

ДЕВЕТ
NINE

Режија: Rob  Marchall (Роб Маршал)
Улоги: Daniel Day-Lewis (Даниел Деј – Луис), Penelope Cruz (Пенелопе Круз), Marion Cottilard (Марион Котијард), Nicole Kidman (Никол Кидман), Sophia Loren (Софија Лорен)

„Девет“ (“Nine“) - американски филм (драма мјузикл) режиран и продуциран од докажаниот мајстор за беспрекорна конекција на музика и филм, оскаровецот Роб Маршал, добитник на бројни признанија и Оскар за најдобар филм за веќе култниот мјузикл „Чикаго“ (“Chicago“). Сценариото е на Мајкл Толкин и Ентони Мингела, филмот е базиран на книгата на Артур Копит,  според која беше направен и мјузиклот на Бродвеј, 1982 год,. а со тоа доби и “Tony“ - награда за најдобар мјузикл на годината. Генерално, филмот е римејк на италијанскиот филм „8½“ режиран од Федерико Фелини. Актерската  екипа во „Девет“ (“Nine“) ја сочинуваат бројни звучни имиња, оскаровци : Даниел Де Луис, Џуди Денч, Никол Кидман, Марион Котиљард, Пенелопе Круз, Софија Лорен, актерката номинирана за Оскар, Кејт Хадсон, поп дивата и добитничка на повеќе Греми Награди, Ферги...

Кратка Содржина:
Поминувајќи ги педесеттите години од својот живот, филмскиот режисер Гвидо Контини (Даниел Де Луис), го надвладува средновечна криза која резултира со пад на креативноста и комплицирање на романтичните врски. Обидувајќи се да го заврши својот последен филм, присилен е да биде опкружен со друштво на неколку жени од неговиот живот, вклучувајќи ја и соопствената сопруга, Луиза (Марион Котиљард); љубовницата Карла (Пенелопе Круз); неговата муза од филмот Клаудија (Никол Кидман); неговиот советник и костимограф Лили (Џуди Денч); новинарката за мода Стефани (Кејт Хадсон); проститутката од неговата младост Сараџина (Ферги); и секако неговата мајка (Софија Лорен).

Почеток на проекциите во петок (21.05.2010)
Петок, сабота и недела - 20:30, 22:30 ч.
Од понеделник - 11:00, 13:30, 20:30, 22:30 ч.

 

 
202project, Julien Baillod, 111 и VJ Data во Фросина PDF Печати Е-пошта
Петок, 14 Мај 2010 06:53

На 16 мај, во киното Фросина во Младинскиот културен центар во Скопје ќе настапат францускиот музичар Џон Плеер, кој настапува под псевдонимот „202 проект“, Џулиан Бејло од Швајцарија, и македонското експериментално дуо „111“ и Ви-џејот Дата.

202 проект, постои од 1996 година како „човек – бенд“. Музичарот што го користи овој псевдоним настапува на гитара и клавијатури и семплува звуци. Во неговиот стил се застапени блуз, електроника, нојз и експерименти во повеќе правци. Својот звук, 202 проект го дефинира како „ѕид од бука и љубов“. Зад себе има пет турнеи низ Европа.

Џулиен Бејло е швајцарски гитарист и композитор кој ќе го посети Скопје со својот соло проект „Био“. На овој проект работи од 2000 год., дефинирајќи го како „звучен простор за истражување на времето, ерозијата и сеќавањата.“ Музиката што ја создава Бејло има најмногу допирни точки со експерименталната страна на Брајан Ено, како и со делата на Роберт Фрип, гитаристот на  култните Кинг кримсон.

Влезот е слободен.

 
<< Почеток < Пред 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 Следно > Крај >>