|
LocoMotion | Движењето како значење
Ф е с т и в а л з а с о в р е м е н т а н ц
29 oктомври - 07 ноември 2009

И оваа година на македонските љубители на танцот под мотото Движењето како значење, LocoMotion им ги преставува актуелните и иновативни тенденции во современиот танц кај нас и во светот преку селекција на дела на кореографи и танцови групи од Германија во соработка со Франција, Швајцарија, Словенија, САД, Бугарија и Македонија. Како што велат и селекторките на програмата Биљана Тануровска-Ќулавковски и Искра Шукарова “…мотото Движењето како значење го одбравме за да истакнеме дека современиот танц е уметност која преку знаците забележани во разновидните концепти - кореографските парт преитури - комуницира со нас на различни нивоа. Тие знаци се разновидни, а се развиваат секојдневно преку разни истражувања на телото, неговата комуникација со различни субјекти, неговото постоење во одредени контексти, поврзаност со одредени дејства или медиуми, и поставеност во различни ситуации…” Оттаму, во пет фестивалски вечери, публиката ќе има можност да проследи и комуницира со различни танцови креации, филмска проекција и музички концерт.
Програма на фестивалот (во МКЦ):
01. ноември, недела, 21:00
АТЕЉЕ, 50`
Кореографија и концепт: Bara Kolenc (Slovenia)

Претставата е инспирирана од извонредниот живот и талент на словенечката скулпторка Карла Буловец. Во име на уметноста, нејзиниот исклучително боемски живот со сопругот и драматург Иван Марк, се откажа од с...è - удобност, дом, семејство па дури и секс. Нејзината креативност била луда, амбициозна, мазохистичка, со огромни визии кои не можела да ги оствари. Изведбата ја истражува уметничката креативност како импулс, како неуморна желба да се создава, толку дива и деструктивна што може да ја надмине потребата од биолошко задоволство, закана за здравјето со непризнавање на физичката глад, која може да заврши и трагично. Во контекст на таква една суровост, уметноста никако не е релативна - како во очите на културната историја и политика - туку апсолутна и неопходна, како и да ја анализираме, митологизираме или опредметуваме.
03. ноември, вторник, 20:00
ULYSSES, 50`
Концепт, кореографија, танц: Jurij Konjar (Slovenia)

Претставата Ulysses е лична приказна за едно патување. Впечатоците од тоа патување се претворија во приказна во движење која ни ја доловува раскажувачот, акоја слушателот/ гледачот одново го преживува со него. Улогите на придвижувач, раскажувач, човек и Бог се споени во една личност. Движењето е инспирирано и од две книжевни дела – Одисеја од Хомер и Улис од Џејмс Џојс. Преку движење, графичкото претставување и дијалогот помеѓу нив, претставата Ulysses ќе ја понесе публиката на ова патување, во чиј тек, и покрај сите незгоди, суштинската цел на протагонистот останува доследна-истата со која што го започнал патувањето.
Комплетна програма
29. октомври, четврток, 15:00 – 17:30
Лабораторија FAST FORWARD Скопје - Како современиот танц може да придонесе во развојот на културните институции?
(МОБ/прес салон)
30. октомври, петок, 20:00
MРТВА ПРИРОДА, 60`
Кореографија: Cie Isabelle Schad / Good Work Productions (DE/FR)
(МНТ, Голема сцена)
04 ноември, среда, 20:00
Номад Танц Академија, Кратки резови
(МНТ, Голема сцена)
ЧАША ЉУБОВ, 25`
Кореографија: Žana Penčeva (Bulgaria)
(НЕ) БЛИЗУ, 15`
Кореографија: Kire Miladinoski (Macedonia)
ХАЈДИ, 15`
Концепт и кореографија: Aleksandar Georgiev (Macedonia)
БОЖЕ, САМО ЃАВОЛОТ ДА НЕ ГО УКРАДЕ РИТАМОТ!, 40`
Кореографија: Elia Rubin Mrak Blumberg (USA)
07 ноември, сабота. 19:00
Три во едно - мултидисциплинарна вечерна изведба, видео, современ танц, хип хоп музика
1] 19:00 Тајни на тезга / Secrets for sale, 64’ - (филм / film) - Elodie Pong (Switzerland)
2] 20:00 no.thing, 60’ - танц претстава на трупата Линга- кореографија на Катаржина Гданиец и Марко Канталупо (Швајцарија)/ dance performance from COMPAGNIE LINGA - choreography of Katarzyna Gdaniec and Marco Cantalupo (Switzerland)
3] 21:00 Рап Титан / Rap Titan, 60’ - музички перформанс со раперот Роберто Гариери и Ди џеј Игл (Швајцарија)/ musical performance with rapper Roberto Garieri and DJ Eagle (Switzerland)
(МНТ, Голема сцена)
{comments} |