<<  Септември 2010  >>
 По  Вт  Ср  Че  Пе  Са  Не 
    1  2  3  4  5
  6  7  8  9101112
13141516171819
20212223242526
27282930   
МКЦ Радио
Make sure you have at least Flash Player 7. If not,please download.
ДОН ЖУАНА - ПРЕМИЕРА PDF Печати Е-пошта
Понеделник, 30 Ноември 2009 10:19


Младинскиот културен центар во чии рамки работи Градски театар – Скопје ве поканува на 04.12 (петок) со почеток во 20часот на премиера на претставата “Дон Жуана“ по Молиер во режија на гостинот од франција Патрик Вершурен.

“Каква е опасноста денес за човек да ја игра Дон Жуан? Никаква, тоа за него е исто така една позиција на задоволство.Сепак, ако жената ризикува, таа ги има сите шанси да се изгори.Веднаш се забележуваат решетките кои ја демнат.Затоа што, тоа е едно општество кое е навредено во име на религијата, моралот и коректноста.Дон Жуан од Молиер е раскажанo од една жена која на тој начин ги враќа своите бои и својата ароганција.Создадено во 2006, делото одново го почнува животот во Скопје со една прекрасна екипа на актери.“ (Патрик Вершурен)

Во претставата играат : Јелена Жугиќ, Сања Арсова, Катерина Коцевска, Ана Кафкалеска, Димитар Доксевски, Ивица Димитриевиќ и Елена Трајковска. Костимограф на претставата е Изабела Жорж, сценогарфијата ја направи Благоја Мицевски, музиката е на Филип Морино, композиција на сонгот: Константин Плавнеш.

 

Карти за премиерата можат да се купат на билетарата на Младинскиот културен центар по цена од 300 денари. Додека за репризата на 05.12 (сабота) билетите се по цена од 250 денари за ученици и студенти по 170 денари.

 


 

{comments}

 
ЧЕТИРИЕСЕТ ВОЗДИВНУВАЊА ВО МКЦ PDF Печати Е-пошта
Четврток, 19 Ноември 2009 09:51

Младинскиот културен центар ја промовира стихозбирката “Четириесет воздивнувања“ од Борче Грозданов-Пандур на 21ви ноември (сабота) со почеток во 18.30 часот во галеријата на МКЦ.

Со оваа поетска книга авторот преку  четириесет тристишија симболично ја одбележува четвртата деценија од неговиот живот како и ефективните дваесет  и пет години творечка работа. Затоа промоцијата ја закажуваме токму  на неговиот роденден. Содржината на “Четириесет воздивнувања“ е всушност отворена поетска слика што авторот ја доживува и преживува длабоко во, за, од, и до себе.

Промотор на ова двојно славие е поетот, прозаист, есеист и драматург г-динот Трајче Кацаров, а стихови од Борче Грозданов–Пандур ќе интерпретираат актерите Зорица П. Панчиќ и Васил Шишков.

 


 
PARAMOUNT'N'CONSTANTINE ВО ФРОСИНА PDF Печати Е-пошта
Понеделник, 16 Ноември 2009 16:55

МКЦ ви го претставува концертот на PARAMOUNT STYLES и CONSTANTINE ODESSA во кино Фросина во среда, 18ти ноември во 21 часот.

Њујоршкиот состав Paramount Styles е новиот бенд на Scott McCloud и Alexis Fleisig од (на скопската публика добро познатите) Girls Against Boys. Креирани на патентираниот GVSB темплејт и во друштво на Chris Smets (Star Club West), Richard Fortus (Guns & Roses, Psychedelic Furs), Simon Lenski (DAAU), Julia Kent (Antony & the Johnsons) и Micheal Hampton (Faith) продолжуваат таму кадешто застана GVSB приказната. Акустично и возбудливо. Турнеата на PARAMOUNT STYLES започнува токму во Скопје!
Локална поддршка ја даваат Constantine Odessa (Коста Лошков од Denny Te Chuva).

 

Влезница: 200 денари
Резервација на билети на: Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите

 

{comments}

 
ЕСКУРИАЛ PDF Печати Е-пошта
Четврток, 12 Ноември 2009 18:40

Градски театар Скопје на 15. ноември (недела) со почеток во 20 часот ја претставува премиерата “ЕСКУРИАЛ“ од Мишел де Гелдерот во режија на Ристо Алексовски. 

Мишел де Гелдерот еден од најамблематичните автори на постмодерниот театар, препознатлив по исклучително остриот естетски и тематски авторски потпис, секогаш скицирајќи и препознавајќи ги болестите на општеството и индивидуата. Самата пиеса во себе ја носи темата на оправданото насилство, насилство чиј лајт-мотив е апсолутната, фиктивна морална правда. 

“Што значи да го пронајдеш апсолутниот мир? Да излезеш пред сопствениот џелат и да го иронизираш сопствено значење, помирувајќи се со бизарноста на вековите, насилството и ситуацијата.

Барајќи ја универзалната сатисфакција, иако знаеш дека не си создаден да ја прифатиш истата.“ Во претставата играат Сашо Тасевски и Рубенс Муратовски, костимографијата е на Ивана Кнез. 

Оваа претстава е копродукциски проект помеѓу меѓународниот театарски фестивал МОТ, Градски театар Скопје и Драмскиот театар Скопје, а својата прва изведба ја имаше на овогодинешното издание на фестивалот МОТ. 

Карти за претставата можат  да се купат на касата на Младинскиот културен центар по цена од 300 денари, за ученици и студенти билетот е по цена од 170 денари.

 

{comments}

 
АЛБЕР КАМИ ВО СКОПЈЕ PDF Печати Е-пошта
Вторник, 10 Ноември 2009 10:24

Во петок, 13 ноември, во галеријата на Младинскиот културен центар во 19:30 часот ќе се одржи вечер посветена на Албер Ками, еден од најмаркантните и најпопуларни француски писатели и филозофи на дваесеттиот век. Ками е познат по своите романи, драми и есеи, по брилијантноста и чистотата на својот збор, а вечерта ќе се одржи по повод 96 години од раѓањето и 50 години од неговата смрт. За животот и делото на Албер Ками ќе зборуваат проф. д-р Ферид Мухиќ и проф. д-р Иван Џепаровски, а интерпретација на дела од Ками ќе изведува Виктор Јаневски. Вечерта ќе биде поздравена од советникот за култура и соработка при амбасадата на Франција во Република Македонија, господинот Жоан Ирез.
 

 

{comments}

 
MANTRA DISKREATION ВО ФРОСИНА PDF Печати Е-пошта
Вторник, 10 Ноември 2009 09:26

Во рамките  на затворањето на програмата на ПРОХЕЛВЕЦИЈА, Женскиот младински хор на Младинскиот Културен Центар Скопје, под диригенство на Сашо Татарчевски ќе ја изведе  MANTRA DISKREATION од Александар Пејовски, композиција за женски хор, инструментален секстет и трака. Концетот ќе се одржи на 12ти ноември во кино Фросина со почеток во 19 часот. 

 

{comments}

 
КОНЦЕРТ НА ЕДИ ХАХАХА PDF Печати Е-пошта
Понеделник, 09 Ноември 2009 10:06

Со осебно задоволство МКЦ  ви го претставува концертот на Еди Сеџвик и Хахаха. Терминот е среда, 11. ноември. Влезницата е 200 денари.

Justin Moyer ака ЕДИ СЕЏВИК (Edie Sedgwick) е реинкарнација на познатата суперѕвезда на Енди Ворхол - Edith Minturn Sedgwick (1943-1971). Доаѓа од Њујорк и продуцира памфлети, видео инсталации, хаику поезија, скечеви, блогови, есеи и, се разбира музика, инспирирана од Американската селебрити култура. Во својата дискографија има 3 албуми, а последниот Things are Getting Sinister and Sinisterer е реализиран за легендарниот Dischord Records.

ХАХАХА се Rites of spring, Husker Du & Jones Very wannabe бенд од Скопје. Ова е нивен деби настап.

 

{comments}

 

 
ПРАЗЕН ГРАД ВО МКЦ PDF Печати Е-пошта
Понеделник, 09 Ноември 2009 09:47

Младинскиот културен центар во чии рамки работи Градски театар Скопје на 10. ноември (вторник) со почеток во 20 часот на репертоарот ја има изведбата на театарската претстава ПРАЗЕН ГРАД од Дејан Дуковски во режија на Андреј Цветановски. Претставата зборува за двајца млади луѓе заглавени во подрумот на светот. Не можејќи да излезат надвор, се забавуваат на начин и средства кои им се достапни во просторот.
          “На кој начин да си ги исполниме животите за да не ја чувствуваме празнината кое го носи општеството.. Како да се преживее периодот на младоста? Каде е заглавена нашата генерација? Зошто не дава знаци на активен живот, туку ги прима ударите што и ги задава животот?  Тоа се прашањата кои ги поставува оваа претстава, автентична по израз и сценски простор.“ Во претставата играат Арџент Хасани и Берат Салиу, сценографијата е на Владо Ѓорески.

       Карти за претставата можат да се купат на касата на Младинскиот културен центар по цена од 250 денари, за ученици и студенти билетот е по цена од 170 денари.

 

{comments}

 
<< Почеток < Пред 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 Следно > Крај >>