<<  Септември 2010  >>
 По  Вт  Ср  Че  Пе  Са  Не 
    1  2  3  4  5
  6  7  8  9101112
13141516171819
20212223242526
27282930   
МКЦ Радио
Make sure you have at least Flash Player 7. If not,please download.
ВЛЕЗНИЦИ ЗА МОНО... PDF Печати Е-пошта

Почитувана публико,
Се надеваме верувате во нашата искреност дека влезниците за концертот на Моно и Јаболко за даскалот се распродадени 10 дена пред настапот (веќе на 16ти февруари).
Договорот со менаџментот на Моно предвидуваше настап во кино Фросина и тој договор не можеше да истрпи промени. Задоволни сме од вашиот одзив, како и од севкупната атмосфера околу концертот.
Искрено жалиме поради Вас што сакавте, а не бевте во можност да дојдете до влезница, со утеха дека нов концерт на Моно ќе се потрудиме да закажеме веќе следната европска турнеја.
И на крај, во иднина, за Вашите омилени бендови/артисти обидете се да создадете навика на купување билети веднаш штом ќе бидат пуштени во продажба. Срдечно.

 

 
КРАП ВО МКЦ PDF Печати Е-пошта
Петок, 19 Февруари 2010 09:54

Во вторник во 20 часот на сцената на Градскиот театар Скопје изведба на театарската претстава “ПОСЛЕДНАТА ЛЕНТА НА КРАП“ од Семјуел Бекет, во режија на Ристе Алексовски со Златко Митревски како Крап.
Желбата да се биде некој. Желбата да се биде нешто. Желбата да се биде достоен за сопствените сонови. И најголемата, желбата да не бидам сам. Не станува збор за физичката осаменост, а онаа во која говорењето се претвора во обично чкрипење на полуотворена врата. Сам меѓу сите, ситуација во која никој со никој не се разбира, никој со никој не се гледа, никој со никој не сака да се види. Стравот од се се сведува на простата потреба да бидам тоа што сум. Иронијата на самата ситуација во која сме принудени да земеме учество е дека во финалната права ние единствено го бираме инструментот, начинот и егзекуторот на нашата смртна пресуда.
Понекогаш сакаме да заборавиме зошто сме тргнале.
Во крајна линија зошто сакаме да бидеме посакувани?

8000 часа поминати во живот...
1740 часа поминати во почетен стадиум на алкохолизам... 20 проценти, ако не и 40 проценти од животот поминати во состојба на будност...
Последната болест на татко ми.
Вдовисувањето на мајка ми...
Една девојка во старо зелено палто на перон на една железничка станца...
Враќање наназад...старите погледи на иднината...
Мојот фалус...
Стара куќа близу до каналот...
Скелетообразна курва...
Доцна вечер во иднината...
Кутија трета...Ролна број пет...
36 банани...
Крап!

Автор - Семјуел Бекет
Режија - Ристе Алексовски
Крап - Златко Митрески

 
ШОПЕН ВО ФРОСИНА PDF Печати Е-пошта
Петок, 19 Февруари 2010 09:20

Амбасaдата на Република Полска заедно со Младинскиот културен центар се вклучуваат во глобалната прослава на двестагодишнината од раѓањето на Фредерик Шопен.
Во рамките на свечената програма предвидени се следниве настани:
Отворање на изложба на фотографии повразни со личностите, местата, и предметите од животот и делото на Шопен.
Проекција на документарниот филм „Шопен во Париз“.
Проекција на играниот филм „Шопен. Желба за љубов“.
Режисер: Јежи Антчак
Сценарио: Јежи Антчак, Јадвига Барањска
Фотографија: Едвард Клосињски
Музика: Фридерик Шопен

1830 година. Шопен заминува од Варшава и оди во Франција за да ја развива својата музичка кариера. После почетните неуспеси, конечно станува гостин на елитните париски салони. Како талентиран композитор станува славен и признат. Ја запознава Жорж Санд и набргу станува нејзин љубовник. Заедно со децата на писателката – Маурици и Соланж – заминуваат на Мајорка, каде што Шопен се разболува од туберкулоза. По враќањето живеат во Ноан, Селскиот имот на Санд. Таму се создадени повеќето од најзначајните дела на полскиот композитор. Постепено односите на овој своевиден четириаголник, кој го сочинуваат Шопен, писателката и двете нејзини возрасни деца, се повеќе се компликуваат . . . „Од почетокот имавме намера да се оддалечиме од ликот на Шопен претставен како споменик, истинат од врба, да го здогледаме неговото човечко лице, да го покажеме во секојдневните ситуации. Сепак тоа беше човек кој постојано страдаше.
Го измачуваше љубомора. Беше неподнослив, раздразлив. Ја губеше контролата над себе си, го фаќаше бес, знаеше болно да ги повреди најблиските со своето однесување. И овие црти, кои ништо не одземаат од  генијалноста  на Шопен, се составен дел од неговата човечност. Би сакал,  Шопен од филмот, да се покаже не само како одличен уметник, кому треба да му се восхитуваме, туку и како човек кој може да се разбере“. (Пјотр Адамчик во интервју за „Филм“).
„Шопен. Желба за љубов“ е исто така и музички филм – во него се вметнати 52 музички фрагменти, кои траат од неколку секунди до неколку минути.

 

 
ДОН ЖУАНА ВО ФРОСИНА PDF Печати Е-пошта
Понеделник, 15 Февруари 2010 09:28

Младинскиот културен центар во чии рамки работи Градски театар – Скопје ве поканува на 17.02 (среда) со почеток во 20 часот на претставата “Дон Жуана“ по Молиер во режија на гостинот од Франција Патрик Вершурен.
“Каква е опасноста денес за човек да ја игра “Дон Жуан”? Никаква, тоа за него е исто така една позиција на задоволство. Сепак, ако жената ризикува, таа ги има сите шанси да се изгори. Веднаш се забележуваат решетките кои ја демнат.Затоа што, тоа е едно општество кое е навредено во име на религијата, моралот и коректноста.“Дон Жуан” од Молиер е раскажанo од една жена која на тој начин ги враќа своите бои и својата ароганција.Создадено во 2006, делото одново го почнува животот во Скопје со една прекрасна екипа на актери.“ (Патрик Вершурен)
Во претставата играат : Јелена Жугиќ, Сања Арсова, Катерина Коцевска, Ана Кафкалеска, Димитар Доксевски, Ивица Димитриевиќ и Елена Трајковска. Костимограф на претставата е Изабела Жорж, сценогарфијата ја направи Благоја Мицевски, музиката е на Филип Морино и Константин Плевнеш.
Карти можат да се купат на билетарата на Младинскиот културен центар по цена од 250 денари за ученици и студенти по 170 денари.

 
ОТПУШОЦИ ВО ФРОСИНА PDF Печати Е-пошта
Понеделник, 15 Февруари 2010 09:20

Денес во салата Фросина со почеток во 20 часот изведба на претставата “ОТПУШОЦИ“ во режија на Игор Ивковиќ.
Претставата ОТПУШОЦИ е сценска адаптација на хит романот „Последната нова година“ од италијанскиот автор Николо Аманити. Таа се занимава со еуфоријата за време не новогодишните прославувања. Дали е навистина потребно толку многу да се вложува енергија, па и пари или сета таа еуфоричност е само еден обид за прикривање на слабостите на глобалното консумерското општество? Што им се случува на одметниците од таа еуфорија? Победуваат или пак остануваат отфрелни отпушоци? Низ хуморот, необични ситуации, а понекогаш и црн хумор претставата ни ја открива сета хипокризија на денешниот современ човек, без разлика каде тој живее или што работи. Музиката за претставата е на Ненад Ѓорѓиевски Тонкин, костимограф Мирјана Буразер.
Оваа претстава премиерата ја имаше во 2006-та година. Често играна на сцената на МКЦ во Скопје. Во 2008, ТЕАТАР 007 со претставата ОТПУШОЦИ, учествуваше на Интернационалниот Театарски Фестивал, ФОКУС 2008, во Клагенфурт Австрија.
Билети за претставата можат да се купат на на билетарата на Младинскиот културен центар по цена од 100 денари.

 
ЕСКУРИАЛ PDF Печати Е-пошта
Вторник, 09 Февруари 2010 12:28

Градскиот театар при Младинскиот културен центар ве поканува на изведба на театарската претстава “ЕСКУРИАЛ“ од Мишел де Гелдерот, режија на Ристо Алексовски. Мишел Де Гелдерот како еден од најамблематичните автори на постмодерниот театар, е препознатлив по исклучително остриот естетски и тематски авторски потпис, секогаш скицирајќи ги и препознавајќи ги болестите на модерното општество и индивидуата. Самата пиеса, во себе ја носи темата на оправданото насилство, насилство чиј лајт-мотив е апсолутната, фиктивна морална правда. Градски театар – Скопје  10. 02. (среда), почеток 20:00.
„Што значи да го пронајдеш апсолутниот мир? Да излезеш пред сопствениот џелат и да го иронизираш сопствено значење, помирувајќи се со бизарноста на вековите, насилството и ситуацијата.
Барајќи ја универзалната сатисфакција, иако знаеш дека не си создаден да ја прифатиш истата.“ Во претставата играат Сашо Тасевски и Рубенс Муратовски, костимографијата е на Ивана Кнез.      
Оваа претстава, која е работена како копродукциски проект помеѓу меѓународниот театарски фестивал МОТ, Градски театар Скопје и Драмскиот театар Скопје, првата изведба ја имаше на овогодинешното издание на фестивалот МОТ.        
Билети за претставата можат да се купат на касата на Младинскиот културен центар по цена од 250 денари. За ученици и студенти, билетот е по цена од 170 денари.
Резервации на e-mail Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите

 

 
ФЕВРУАРИ ВО КИНО ФРОСИНА PDF Печати Е-пошта
Вторник, 09 Февруари 2010 09:52

11-14 февруари
20:00 СВЕТИ ЃОРЃИ ЈА УБИВА ЛАМЈАТА
Од режисерот кој  стои зад добро познатите филмски  наслови како, „Рани“, „Убавите села убаво горат“ и „Ние не сме ангели“. Еден од најскапите  и најамбицизните филмски проекти во Србија. Кандидат за конкуренцијата  најдобар филм од  неанглиско говорно подрачје на овогодинешното 82 издание на наградите Оскар .
Улоги: Лазар Ристовски,Милутин Милошевиќ,Наташа Јањиќ, Бора Тодоровиќ
Режија: Срѓан Драгојевиќ
Земја: Србија /Босна и Херцеговина/Бугарија

 


18-21 февруари
20:00 ПРАЗНИ ШИШИЊА
Уште еден типичен  филм од чешката кинематографија  и потвдра за засложениот углед кој го ужива во светски рамки.  Најновиот филм од авторот на „Коља“, добитник на Оскар и Златен глобус.
Улоги: Зденек Сверак, Татијана Вилхелмова, Даниела Коларова
Режија: Јан Сверак (Jan Sverák)
Земја: Чешка/В.Британија

 


22 февруари
20:00 КОПНЕЖ ЗА ЉУБОВ (200 ГОДИНИ ШОПЕН)

 

 

 
ДЕТСКО МАТИНЕ ВО МИЛЕНИУМ PDF Печати Е-пошта
Четврток, 04 Февруари 2010 12:04

6 - 7 февруари од 12 часот

ПРИНЦЕЗАТА И ЖАБАТА (The princess and the frog)

Режија: Ron Clements & Joh Muskern
Жанр: анимиран филм

Приказната за Принцезата, бакнежот и жабата го доби своето продолжение (во малку изменето место на настаните), одбележувајќи го враќањето на Дизни на севременската традиционална анимација. Рон Клемент и Јон Мускет автори на “Малата сирена“ и “Аладин“, авторот на музиката оскаровецот Ренди Њуман ви ја раскажуваат, најубавата љубовна приказна...за жабите, распеаните алигатори и останатите.

 

 

 
<< Почеток < Пред 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 Следно > Крај >>