|
Петок, 26 Март 2010 13:42 |
|

МИСИЈА
Младинскиот културен центар во својата 37 годишна традиција секогаш се стремел кон промоција и потикнување на творци и културни формации кои ја негуваат новата и револуционерна естетика, со тоа секогаш стремејќи се да го понуди најновото и најквалитетното на македонската јавност.
Како појдовно јадро на оваа максима, Младинскиот културен центар како своја целна група секогаш бил насочен кон помладата културна јавност (ученици, средношколци, студенти) кои реално најмногу бенифицираат во градењето на идната нова македонска културна реалност. Се разбира од горенаведените целни групи најголемо внимание, Младинскиот културен центар секогаш обраќал кон студентите, кои пред се и најголемата движечка сила на идната македонска културна реалност. Самиот факт дека во својата 37 годишна традиција МКЦ бил дом на многубројни студенски иницијативи го потврдува тој факт, за пример го земаме, меѓународниот театарски фестивал МОТ чии креатори, своите почетоци ги направиле како соработка помеѓу МКЦ и Филолошкиот факултет, за Фестивалот оваа година да го слави своето 35 годишно постоење, прераснувајќи во еден од нај препознатливите културни брендови не само во Македонија туку и во регионот, следен пример е и фестивалот на европскиот филм CINEDAYS кој прераснува од иницијативата меѓу МКЦ и ФДУ, наречена Синеастички вечери итн.
Од горенаведеното коренот на оваа иницијатива е заемната желба на МКЦ и Унијата на Студенти да се продолжи овој позитивен тренд и да се даде повторно една нова глава во Македонската културна реалност.
ИДЕАТА МКЦизација
Идеата на МКЦ изацијата е создавање на членска карта со истото име која ќе биде бесплатно дистрибуирана од студенската Унија до студентите, со која секој студент кој ја поседува ќе добие попуст на влезницата за секој културен настан во Младинскиот културен центар и Градското кино МИЛЕНИУМ, кој е помал од веќе постоечкиот. Со тоа им се овозможува на секој студент да ја следи програма на МКЦ и Градското кино МИЛЕНИУМ, без тоа значително да му влијае на неговиот месечен буџет.
МКЦ изација, членската карта има за основна цел културна едукација на самите студенти, притоа самото издавање на картичката е бесплатно и најважно единствено студент има за право да ја поседува.
НАЧИН НА ИМПЛЕМЕНТИРАЊЕ
Целиот овој проект ќе биде кординиран со Унијата на студенти, кои и ќе бидат дистрибутери на самите картички.
МКЦизација картичката можат да ја добијат само студенти.
Истата важи само за студентот кој ја поседува (попустот важи само за еден билет), попустот важи само за програмата која е во продукција на МКЦ.
Картичката ќе биде максимално персонифицирана, истата е валидна со документ за идентификација (лична карта, пасош)
Картичката е со важност од една година.
.jpg)
Младинскиот културен центар во своето 37 годишно постоење од секогаш го наложувал како примарна цел имплементирањето на квалитетниот културен производ на вниманието на македонската културна јавност.
Со таа цел, МКЦ ја најавува новата социјална иницијатива која ќе им овозможи издавање на картички за бесплатно следење на програмата на МКЦ и кино МИЛЕНИУМ на сите ученици, средношколци и студенти кои се социјално загрозени (деца без родители, деца на невработени родители). Иницијативата ќе започне од следниот месец.
Услови за користење на картичката:
Картичката ќе може да се подигне во просториите на МКЦ, само со доказ за финансиската состојба на двајцата родители (невработени, деца без родители).
Картичката ќе биде максимално персонифицирана, истата е валидна со документ за идентификација (лична карта, пасош)
Заинтересираните треба да достават фотографија заедно со личните информации документите ќе треба да се достават до одговорно лице во МКЦ, изработката на картичката трае една недела.
За картичката можете да аплицирате секој работен ден од 8:30 до 15 часот во просториите на Студентскиот парламент на универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ кој се наоѓа спроти студентскиот дом Кузман Јосифофски-Питу. Повеќе информации на e-mail
Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите
или на тел. број 02 3223024
|
|
|
ВИКЕНДОВ во Градско кино МИЛЕНИУМ |
|
|
|
|
Петок, 19 Март 2010 08:33 |
|
ДЕТСКО МАТИНЕ
АЛВИН И ВЕРВЕРИЧКИТЕ „ЧИПМАНКС“: НАТПРЕВАРОТ
(Alvin and the Chipmunks: The Squeakquel)

Режија: Бети Томас
Автори: Џон Вити и Џонатан Аибел
Тоби, внукот на Дејв Севил, кој има околу дваесетина години, треба да се грижи за поп сензацијата Алвин, Сајмон и Теодор. Момчињата мора да се откажат од нивната слава и да се вратат на училиште, каде им е зададена задача да ја освојат наградата од 25 000 американски долари, на музичкиот натпревар на бендови и притоа, да ја спасат училишната музичка програма. Крајно неочекувано, тие се сретнуваат со нивните ривалки – верверичките Бритни, Еленор и Џинет познати како „Чипети“. На самиот натпревар кога се соочуваат двата бенда, насекаде во воздухот летаат романтични искри зачинети со музика.
проекции : 11.00; 13:00 и 15:00
ЛЕГИЈА
(Legion)

Режија: Scott Stewart
Улоги: Paul Bettany, Dennis Quaid
Откако Бог ја губи вербата во човечката раса, на земјатаа ја испраќа својата Легија ангели, со задача да предизвикаат потполна апокалипса. Единствената надеж за спасување на светот лежи во рацете на архангелот Михаил и група странци, затекнати во еден зафрлен ресторан на југозападот на Америка. Набрзо, разбираат дека младата келнерка го носи спасителот.
Почеток на проекциите: 18.00
ПЕРСИ ЏЕКСОН И ОЛИМПИЈЦИТЕ: КРАДЕЦОТ НА ГРОМОТ
(PERCY JACKSON & THE OLYMPIANS: THE LIGHTNING THIEF)

Режија: Крис Колумбус
Светска премиера: 12 Февруари 2010 (САД)
Жанр: Авантура │Фантазија
XXI век е, но боговите од планината Олимп заедно со одредени монструми излегуваат од митолошките книги на средношколецот Перси Џексон и влегуваат во неговиот живот. И тие не се премногу среќни: громот на богот Зевс е украден и Перси е главниот осомничен. Уште повознемирувачки е фактот што одеднаш неговата мајкаисчезнува. Кога Перси ќе се најде заробен меѓу гневните и борбени богови, тој заедно со своите пријатели ќе се впушти во авантура и потрага по крадецот на громот, обидувајќи се да ја спаси мајка си, и притоа самите тие ќе ја направат приказната помоќна отколку самите богови.
Проекции: 20.30 и 22.30
Билети за проекциите можат да се купат на касата на Кино Милениум, секој ден од 12.30 до 20.30, по цена од 100 денари.
Се гледаме во кино МИЛЕНИУМ
|
|
Петок, 19 Март 2010 08:19 |
|

Младинскиот културен центар ве поканува на на претставата „ОТПУШОЦИ“ 23. 03. (вторник), 20:00 час. во салата Фросина, режија Игор Ивковиќ.
Претставата „ОТПУШОЦИ“ е сценска адаптација на хит романот „Последната нова година“ од италијанскиот автор Николо Аманити. Опфатена е темата: ефоријата во текот на новогодишните прославувања. Дали е навистина потребно да се вложува толку многу енергија, пари или пак, сета таа еуфоричност е само еден обид за прикривање на слабостите на глобалното конзумерското општество? Што им се случува на одметниците од таа еуфорија? Победуваат или пак, остануваат отфрелни отпушоци? Низ хуморот, необичните ситуации, а понекогаш и црниот хумор претставата ни ја открива сета хипокризија на денешниот современ човек, каде и да живее, дејствува.Музиката за претставата е на Ненад Ѓорѓиевски Тонкин, костимограф Мирјана Буразер.
Оваа претстава, премиерата ја имаше во 2006-та год. Често пати играна на сцената на МКЦ во Скопје. Во 2008, ТЕАТАР 007 со претставата ОТПУШОЦИ, учествуваше на Меѓународниот Театарски Фестивал, ФОКУС 2008, во Клагенфурт Австрија.
Билети за претставата можат да се купат на денот на изведбата на билетарницата на Младинскиот културен центар, по цена од 150 денари. Резервации на e-mail
Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите
Се гледаме во сала ФРОСИНА
|
|
ПЕРСИ ЏЕКСОН И ОЛИМПИЈЦИТЕ: КРАДЕЦОТ НА ГРОМОТ ВО МИЛЕНИУМ |
|
|
|
|
Среда, 17 Март 2010 09:19 |
|
PERCY JACKSON & THE OLYMPIANS: THE LIGHTNING THIEF
Режија: Крис Колумбус
Светска премиера: 12 Февруари 2010 (САД)
Жанр: Авантура │Фантазија
XXI век е, но боговите од планината Олимп заедно со одредени монструми излегуваат од митолошките книги на средношколецот Перси Џексон и влегуваат во неговиот живот. И тие не се премногу среќни: громот на богот Зевс е украден и Перси е главниот осомничен. Уште повознемирувачки е фактот што одеднаш неговата мајкаисчезнува. Кога Перси ќе се најде заробен меѓу гневните и борбени богови, тој заедно со своите пријатели ќе се впушти во авантура и потрага по крадецот на громот, обидувајќи се да ја спаси мајка си, и притоа самите тие ќе ја направат приказната помоќна отколку самите богови.
Од 19ти март во градско кино Милениум, проекции во 20.30 и 22.30
|
|
PIPS, CHIPS & VIDEOCLIPS ВО МКЦ |
|
|
|
|
Понеделник, 08 Март 2010 10:27 |
|

По гостувањето на јапонскиот квартет MONO, Младинскиот Културен Центар во соработка со веб порталот Плагиј.ат најавува гостување на уште еден возбудлив бенд, чиј настап дефинитивно нема да ве остави рамнодушни. Среќни сме што можеме да го најавиме концертот на хрватскиот музички состав Pips, Chips & Videoclips кој ќе се случи на 09.04.2010 во денсинг салата во МКЦ. Воедно, ова ќе биде одличен повод за светска премиера на новото озвучување и осветлување во Младинскиот културен центар. Почетокот на настанот ќе биде во 21.30 часот, а цената на влезниците е 200 денари во периодот од 15.03 до 22.03., 300 денари од 23.03. до 08.04. и 400 денари на денот на концертот. Влезниците ќе може да се набават на билетарата во Младинскиот културен центар или да се резервираат на
Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите
.
Концертот на Pips, Chips & Videoclips е дел од off програмата на првиот креативен фестивал за велосипеди - Велофест.
Балканската музичка сцена не може да се пофали со голем број бендови што имаат успешна кариера надвор од регионот, но Pips, Chips & Videoclips веќе 18 години работат во Хрватска и свират во Германија, Ирска и во Велика Британија. Важат за единствена појава на домашната сцена, во исто време стилски разнолични, тематски провокативни и визуелно атрактивни - претставуваат вистински пример на модерен поп-состав. Во својата долгогодишна кариера, имаат издадено шест студиски албуми: Shimpoo Pimpoo (1993), Dernjava (1995), Fred Astaire (1997), Bog (1999), Drveće i rijeke (2003) и Pjesme za gladijatore (2007). На последните два, Pips, Chips & Videoclips остварија исклучително значајна соработка со Dave Fridmann, човекот чиј потпис стои на плочите на Mercury Rev, The Flaming Lips, Mogwai, Sigur Rós и многу други. Fridmann е избран за еден од 100-те звучни визионери на сите времиња според магазинот Mojo. Освојувачи се на огромен број на дискографски награди и важат за еден од најинвентивните хрватски состави.
Кариерата на Pips, Chips & Videoclips доживува голем пресврт во моментот кога Фафенштајн едногласно е прогласен за митско место, а тие, дотогаш изгубените цицачи се метаморфозираат во Астронаути – убави, храбри и паметни спасители на Космосот. Така започнува мисијата Фафенштајн, најмистериозната и најдубиозната мисија во историјата на вселената. Добро е, тие конечно пристигнаа! Сега можеме да им оставиме да го “поправаат светот” како што знаат и умеат. И кога некогаш ќе ги видиш, патнику намернику, не се плаши да им пријдеш. PC&VC спејс шатлот го обиколува светот!
Се гледаме во МКЦ
|
|
Понеделник, 08 Март 2010 09:37 |
|
Од 11ти до 13ти март (20 часот) во арт кино Фросина СНЕГ

„Снегот не паѓа за да ги прекрие ридовите, туку за да може секоја ѕверка да остави трага.“
Режисерката Аида Бегиќ ја одбра оваа поговорка за да претстави својот филм во Кан, каде „Снег“ ја доби наградата на филмските критичари (Critics' Week Grand Prize) во 2008 година. Овој филм се занимава со темата која ретко се среќава во филмовите за војната, а тоа се последиците, особено на преживеаните.
Дејството е сместено во малото планинско село Славно, во 1997, само две години по завршувањето на војната во Босна, во сенката на опасноста од минските полиња и надежта дека ќе се појави некој од исчезнатите.
Надежта, како што вели протагонистката Алма, можеби не е план, но во секој случај е подобра од резигнираноста и бегството. Таа се обидува да отпочне мал бизнис со овошје, во село во кое со исклучок на еден старец и едно трауматизирано момче, нема ниту еден останат маж.
„Снег“ не е „женски“ филм, иако е индикативно отсуството на мажите, исто како што не е ниту воен филм, иако војната сèуште е присутна на лицата на преживеаните. Овој филм ни нуди ретка можност да ја доживеме Босна, без да нè оптеретува со компликациите од постДејтонската балканизација.
Билетите за филмот можат да се купат на касата на Младинскиот културен центар, по цена од 60 денари.
Се гледаме во арт кино ФРОСИНА
|
|
Четврток, 25 Февруари 2010 11:58 |
|
Детскиот Креативен Центар организира изложба од изработените предмети од глина на минатогодишната (ноемвриска) Детска Керамичка Колонија "Земја 2009".
Позитивните искуства од колонијата која се организира веќе петта година по ред на која децата се здобија со основните познавања за техниката на изработка па до финален производ од глината. Токму тој финален производ е всушност темата на нашата изложба.
По тој повод Ве покануваме во сабота 6.03.2010 год во просторот на горното фоаје на киното Фросина на МКЦ да присaствувате на отварањето на оваа изложба.
Влезот е слободен за сите кои ќе присуствуваат на ова отварање, потоа децата можат да продолжат да се забавуваат во просторот на Детскиот Креативен Центар.
Подетални информации на телефон 3115 225 лок. 114

|
|
Четврток, 25 Февруари 2010 10:00 |
|
Култниот македонски филм МАКЛАБАС на 28ми февруари (20 часот) конечно во кино Фросина. Овој проект, создаван како стрип, има главно експериментален карактер. Имено, неговиот автор Ацо Станковски, се обидува да конституира еден таканаречен „македонски кинематографски андерграунд“. Содржината овде, всушност, претставува некаква визуелна персифлажа за познатиот жанр на шпионски филмови. Тука настапува „а ла“ тајниот агент Ансаров, кој трага по Зелениот Дијамант, минерал којшто има универзална моќ: Зелениот Дијамант е волшебен минерал кој наводно има зачудувачка сила и благотворна моќ, зависно во чии раце се наоѓа. Во таа своја планирана акција „тајниот агент“ Ансаров наидува на голем број пречки, коишто, се разбира, успешно ги елиминира.
Но, содржината во филмот делува безмалку неважна во однос на бројните филозофски аспекти што филмот ги обработува, бидејќи тоа е таканаречен „андерграунд“ проект. Се разбира, прв од тој вид во Македонија, колку што нам ни е познато. Авторот на филмот, најверојатно, на некој начин, намерно го одбегнува сижето како форма на драматуршки исказ. „Маклабас“ е филмски експеримент којшто на визуелен план донесува нешто ново во македонската кинематографија.
Билетите за филмот можат да се купат на касата на Младинскиот културен центар по цена од 60 денари.
Се гледаме во ФРОСИНА.
Режија: Александар Станковски - Ацо
Сценарио: Александар Станковски - Ацо
Директор на фотографија: Влатко Галевски
Сниматели: Александар Јанковиќ - Фриц, Бранд Ферро, Нехру Хоџа
Монтажа: Војо Живоиновиќ
Продуцент: Влатко Галевски
Главни улоги: Илија Даскалов, Мирче Доневски, Митко Панов
Тон: Братислав Зафировски - Брацо
Други улоги:
Милчо Манчевски
Жанета Вангели
Зоран Радоњиќ
Христо Поп Дучев
Владо Петровски
Јован Миовски
Горан Јовановски
Костадин Шурбановски
|
|
|