<<  Септември 2010  >>
 По  Вт  Ср  Че  Пе  Са  Не 
    1  2  3  4  5
  6  7  8  9101112
13141516171819
20212223242526
27282930   
МКЦ Радио
Make sure you have at least Flash Player 7. If not,please download.
Друг пример на најголем заеднички именител PDF Печати Е-пошта
Четврток, 13 Мај 2010 06:05

На 18. мај (вторник), во 20.00 часот, во галеријата на Младинскиот културен центар ќе биде отворена првата самостојна изложба (инсталација) на Анета Симоновcка, припадник на најмлaдата генерација дипломирани скулптори на Факултетот за ликовни уметности – Скопје.
Инсталацијата „Друг пример на најголем заеднички именител“ се однесува на математичката транскрипција на реалноста преку која младата авторка Анета Симоновска ги истражува принципите на несовршеноститe, a пак, идеалната симетрија е основен принцип на дефинирањето на нејзиното дело.
Реперна точка врз која се развива проектната замисла е поништување на реалноста и конструктивно пресоздавање на истата, што резултира со нејзино сведочење на елементарен, аналитичен прецизен кодифициран систем.
Изложбата ќе биде отворена до 25 мај.

 

 
МИЗАР И ХАРМОСИНИ СО ПРОМОЦИЈА НА НОВ АЛБУМ PDF Печати Е-пошта
Вторник, 11 Мај 2010 13:13

Младинскиот културен центар има особена чест и задоволство да ве покани на промоцијата на најновото музичко остварување на музичката група МИЗАР и македонско византискиот хор ХАРМОСИНИ, 14 мај, (петок), почеток, 13:00 час.

„ДЕТЕТО И БЕЛОТО МОРЕ“ е насловот на последното студиско остварување на МИЗАР и ХАРМОСИНИ, во издание на Младинскиот културен центар. На промоцијата, премиерно ќе бидат прикажани видео спотовите кои се изработени за следниве нумери: „Бело море“, „Константинопол“, „Здив“ и „Ходенже“.

Албумот, е сочинет од десет музички теми, во кои провеејуваат мотиви од македонската милениумска звучна традиција, како и од Беломорието, истите, во совршена хармонија со препознатливите современи, оригинални звуци на МИЗАР, што претставува, целосен континуитет со класичното, индивидуалното, реализирано од македонски автори.

 

 
ЛИЦА БЕЗ МАСКИ... трет чин PDF Печати Е-пошта
Четврток, 06 Мај 2010 10:35

Младинскиот културен центар ве поканува на отворањето на Меѓународниот театарски фестивал за аматерски, алтернативни и експериментални театари „ЛИЦА БЕЗ МАСКИ“, 10. 05. (понеделник), 2010 год., со почеток во 20:00 часот.
И годинава во духот на предходните изданија, фестивалот ќе понуди претстави кои по својата форма се истражувачки, експериментални и сообразно на современиот концептуален театарски израз.

Лудилото на денешниот модерен човек, инстант живеењето, и сè поголемата отуѓеност повторно се тема на младите уметници од Германија, Бугарија, Македонија, Словачка, Србија и Иран.

Со натпреварувачки карактер и оваа година земјите учеснички ќе се борат за Гран при наградата, која претставува реализирање на копродукција со Театар „007“, аматерскиот театар кој дејствува при Младинскиот културен центар.

Фестивалот е во организација на Младинскиот културен центар и СПЛУНГ автори од Скопје и ќе се одвива во периодот од 10 до 14 мај.

 

 
ГРАДСКИ ОРКЕСТАР за 9ти мај PDF Печати Е-пошта
Четврток, 06 Мај 2010 09:44

Градскиот оркестар при МКЦ, по повод Денот на Европа и Денот на победата над фашизмот 09. мај (недела), ќе настапи пред Спомен домот на Мајка Тереза, почеток во 11:00 часот. Ќе бидат изведени дела за чекорење.

Во претстојниот период, Градскиот оркестар при МКЦ ќе има настапи низ повеќето општини на Градот Скопје.

Општопознат е фактот за долгата традиција во Европа и пошироко, каде сите поголеми градови имаат Градски оркестри кои  ја разбиваат секојдневната монотонија, создавајки празничен амбиент, развеселувајќи ги жителите и случајните минувачи во трекот на разни манифестации,.

Инаку, на репертоарот на Градскиот оркестар при Младинскиот културен центар застапени се дела на Добшески, Милер, Харисон, Макартни, Леј, Моцарт, Андерсон, Манквина, Верди, Штраус, како и бројни останати автори на класична и поп музика. Со концептот: разновидна програма, карактеристичното чекорење низ улиците на градот, естетскиот изглед за кој придонесуваат униформите, на скопските улици се чувствува свечениот амбиент во празничните денови, кој граѓаните, за миг ги оттргнува од секојдневието.

 

 
„ШКАФЧЕ НА БОЛКАТА“ (“The Hurt Locker”) PDF Печати Е-пошта
Четврток, 06 Мај 2010 07:56

В петок, 07. мај, 20:30 часот, во Кино Миелениум, премиера на  апсолутниот  победник на овогодинешното доделување на ОСКАРИТЕ, филмското остварување „ШКАФЧЕ НА БОЛКАТА“ (“THE HURT LOCKER”), на режисерката Кетрин Бигелоу. Според повеќето фимски критичари „Шкафче на болката“ е првиот високобуџетен холивудски филм кој на реалистичен начин ја прикажува војната во Ирак, и е еден од најдобрите воени филмови во последната деценија. Снимен на автентични локации на Блискиот Исток, со камера „од рака“ и брза монтажа, филмот  прецизно ја отсликува тензијата и паранојата на војната во Ирак. Овие квалитети знаеше да ги препознае и соодветно вреднува и американсата филмска академија. Во директна конкуренција со најгледаниот филм оваа година, „Аватар“ на нејзиниот поранешен сопруг, режисерот Џејмс Камерон, Бигелоу, ги понесе скоро сите позначајни награди на говоодинешното доделување на ОСКАРИТЕ, добивајќи го епитетот: филм на годината.

 
„ШКАФЧЕ НА БОЛКАТА“
“THE HURT LOCKER”
Режија: Kathryn Bigelow
Улоги: Jeremy Renner, Anthony Mackie, Brian Geraghty
Награди: Има добиено шест Оскари, седумдесет и две други награди и четриесет и шест номинации

Кратка Содржина:
Цврст и силен портрет на елитни војници кои ја имаат најопасната работа на светот: деактивирање на бомби кои се во жариштето на борбите. Кога новиот наредник - Џејмс, ја презема контролата врз професионално обучениот бомбашки тим, тој ќе ги изненади свиоте војници, Санборн и Елдриџ, со своето непромислено испраќање на истите во смртоносната игра. Џејмс е целосно индиферентен во однос на смртта. Додека војниците се обидуваат да го скротат нивниот бесен водич, градот е во целосен хаос, и тогаш се открива карактерот на Џејмс, а тоа ќе ги измени животите на војниците засекогаш.

Билетите за проекциите можат да се купат на касата на Кино Милениум, секој ден од 10:30 до 22:30 ч., по цена од 100 денари

Се гледаме во кино МИЛЕНИУМ

 
„ГЕРМАН“ изложба на скулптури PDF Печати Е-пошта
Среда, 05 Мај 2010 11:36

На 06. мај (четврток), во 20:00 часот, во Галеријата на Младинскиот културен центар ќе биде отворена самостојна изложба на Христина Марковска, припадник на најмладата генерација дипломирани скулптори на Факултетот за ликовни уметности.

Терминот „ГЕРМАН“ се однесува на поимот што го означува дуалитетот на енергијата и материјата, принципот на единство на спротивности што се манифестира во комплексноста на делото како лично видување  на спрегата помеѓу науката и уметноста.

Централно место во галерискиот простор ја зазема кружната метална конструкција во чија внатрешност се вградени хоризонтална и вертикална оска со четири фиксирани човечки фигури.

Втората скулптура е изработена како објект со сликарски и вајарски елементи со мотивите на Богородица Одигитрија (Патеводителка) чија симболика се вклопува во идејата за тежнеење кон духовните вредности на животот.

Проекцијата на видеоартот ја заокружува целата замисла во единствена целина со што се придонесува кон дополнителната визуелна убавина на делото.

Изложбата ќе биде отворена до 15 мај.

 
НОЖ И ПЕРДУВ, промоција на книга PDF Печати Е-пошта
Понеделник, 03 Мај 2010 09:22

На 06.  05. (четврток) 2010 год., Младинскиот културен центар, ви го претставува новиот роман на Димитри Соле Љубин „НОЖ И ПЕРДУВ“ во издание на издавачката куќа Антолог. Промоцијата ќе биде во фоајето на киното Фросина, почеток, 20:00 часот.

Свој критички осврт кон делото ќе изложат: проф. Лилјана Узуновиќ, м-р. Мирјана Недева, и проф. Весна Апасиева.

На промоцијата, ќе настапи и Шерафедин Куртов, кој ќе музицира на дванаесетжична гитара.

Ве очекуваме!

 
GRANT HART во МКЦ PDF Печати Е-пошта
Петок, 30 Април 2010 11:42

На 04. мај (среда), во 20:00 часот, култниот Грент Харт со концерт во Младинскиот културен центар, дeнсинг сала.

GRANT HART
САД
Во 80тите, креативна половина на култните алтернативни рокенрол икони Hüsker Dü (од критиката посочувани како „the godfathers of indie rock“), подоцна со соло кариера, но и лидер на Nova Mob, култниот Грент Харт ќе имаме можност да го проследиме со електрично-акустичен концерт.
Како пејач, и автор на композициите, мултиинструменталист и визуелен уметник, автор на култните песни на Новата американска музика": „Diane“, „Never talking to you again“, „Pink Turns to Blue“, „The girl who lives on heaven hill“, „Don't want to know if you are lonely“, „She's a woman (and now he is a man)“... Во скоро еднодецениското постоење со Hüsker Dü објавија седум албуми кои денес се смeтаат клучни за современата американска рокенрол музика.
По распадот на Hüsker Dü во 1987 година, Грент ја започнува својата соло кариера која трае и денес и вклучува 4 студиски остварувања. Минатогодишниот „Hot Wax" (реализиран во соработка со канадските бендови Godspeed You Black Emperor и A Silver Mt. Zion) веќе е прогласен за негов најдобар соло албум. Страствениот глас на овој педесетгодишен наратор, како и авторски препознатливите строфи и рефрени го вбројуваат во редот на музичари кои со каледиоскопска брзина го менуваа текот на современиот рокенрол, а воедно станаа и авторска реткост.
Концертот на Грент Харт во МКЦ е во рамките на неговата 10-дневна источноевропска турнеја.

Поддршка на Грент Харт ќе бидат:

CRIPPLE AND CASINO
Хрватска
Хрватскиот квартет Cripple and Casino и нивниот квалитетен звук веднаш го препозна Matt Lebens, сопственик на издавачката куќа Radio is Down, од САД. „Cripple and Casino ги сретнал“ на MySpace и веднаш им понудил издавачки договор.
По само шест месеци од формирањето на поставата која и денес членува во бендот, Cripple and Casino влегуваат во загребското студио КОЗМО и ги снимаат десетте пост панк и нојс рок песни, на трагите на Sonic Youth, Jesus Lizard, Jawbox, Fugazi… но во еден специфичен стил.
Своето настанување, губење, барање, губење, раст... Cripple and Casino го претставуваат во низа концерти низ регионот, а на 04. мај за прв пат ќе ѝсе претстават и на македонската публика.

ХАХАХА
Македонија
Новото изненадување од лабораторијата на Васко Атанасоски и пријателите од Bernays propaganda.

Цената на билетите изнесува 200 денари, а на денот на концертот 300 денари.
Влезници во претпродажба секој работен ден од 10 до 19 часот.
Резервации на Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите

Се гледаме во МКЦ

 

 
<< Почеток < Пред 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 Следно > Крај >>