„МКЦ за Скопје“ е настан со кој ќе ја одбележиме 53-та годишнина од скопскиот катастрофален земјотрес.
Трагичен настан кој нè потсетува на солидарноста на скопјани, на солидарноста кон Скопје, на силата и сплотеноста на луѓето што го сакаат Скопје.

На 26 јули, вторник, во МКЦ со почеток од 20 часот, ќе се одржи изложба на фотографии од Бошко Фржоп (Хрватска) „СКОПЈЕ 1963“ – ХРОНИКА НА ЕДНА КАТАСТРОФА,
потоа следува проекција на 5 кратки филма на скопските режисери Игор Иванов, Вардан Тозија, Даријан Пејовски, Ѓорче Ставрески и Марко Ѓоковиќ. За крај на вечерта концертен настап на групите
SIZ, Stuttgart Online и YÖU.

::…..

ИЗЛОЖБА НА ФОТОГРАФИИ ОД БОШКО ФРЖОП (ХРВАТСКА): „СКОПЈЕ 1963“ – ХРОНИКА НА ЕДНА КАТАСТРОФА

Изложба на фотографии што досега не се објавени во Скопје.
Фотографиите на оваа изложба ги покажуваат последиците на земјотресот низ објективот на фото-аматер, кој од првата плата во Скопје го купил фотоапаратот „Киев“ за да може низ неговиот објектив да ги следи луѓето и обновувањето на Скопје, во изградба на населбите и постепеното враќање на жителите во нормален живот. Поставката претходно е прикажана во Загреб и во Шибеник.

::…..

ПРОЕКЦИЈА НА 5 КРАТКИ ФИЛМОВИ (на скопски режисери):

„Бубачки“
15′
Режија: Игор Иванов

Човекот со чудна навика да ме удира со чадор по глава“
15′
Режија: Вардан Тозија

„409“
13′
Режија: Даријан Пејовски

Материјал за аудиција“
15′
Режија: Ѓорче Ставрески

„Еклер“
27′
Режија: Марко Ѓоковиќ

::…..

Концерт на SIZ, Stuttgart Online и YOU

СИЗ (Самоуправна Интересна Заедница) е бенд формиран во Куманово. Музиката на СИЗ е инспирина од разни музички правци и разни изведувачи и едноставно не може да се смести во ниеден музички жанр.
Ако веќе треба некако да се крсти жанрот во кој би припаѓале, тоа би било avant-garage или можеби neo-bopism.
После долго време, во освежена постава, повторно во МКЦ!
https://www.facebook.com/SIZ-СИЗ-328300580554014/

Stuttgart Online не се веќе дуо! Засилени со уште една моќна бас гитара од страна на Дамир Ахметовиќ (Мултиетничка Атракција) по 3 години повторно во МКЦ.
Се враќаат со нов материјал, но секако, ќе бидат отсвирени и старите хитови.
Stuttgart Online секогаш интересни и секогаш добри во живо!
https://www.facebook.com/StuttgartOnline/

YÖU
Скримо/Хардкор Панк бенд од Скопје.
Формирани кон крајот на 2015 од членови на Mindless Violence, Sludge и еден нивни фан.
YÖU се Марко Крстевски (гитара и вокал), Мартин Митевски (бас и вокал) и Тејка Васиљевиќ (тапани и вокал).
За прв пат во живо во МКЦ.
https://www.facebook.com/YÖU-1527916497531709/
Порталот keif.mk во соработка со издавачката куќа Антолог објави книжевен конкурс за краток расказ на тема Скопје и катастрофалниот земјотрес од ’63тата, чие јадро е идејата да се создаде изменета #скопскаантологија која ќе претставува каледиоскоп од авторско фикционални приказни- #каледиоскопје.
Наградените автори ќе бидат прогласени на „МКЦ за Скопје“, кога ќе ги прочитаат своите раскази.

Се гледаме на 26 јули во МКЦ.

Сподели