Во рамките на годинешното издание на фестивалот на нова музика Здраво Млади ќе се одржи дебата на тема „Музиката и медиумите“ со поднаслов „Македонската музика во домашните и регионалните медиуми” на која учество ќе земат:
Љупчо Јолевски (Радио слободна европа)
Саша Павловиќ (www.kritika.mk)
Иван Бечковиќ (Радио Слободна Македонија)
Дарко Кујунџиќ (музичар од Хрватска)
Ивајло Александров (концертна организација Rawk ‘n’ Roll – Бугарија)
Милан Радосављевиќ (Музички соработник на РТВ Србја и сопственик на Miner Recordings – Србија)
модератор на дебатата – Тошо Филиповски (Максимум рокенрол)

На дебатата ќе се отворат различни теми а фокусот ќе биде на македонската музика и нејзиниот третман во медиумите.
Дали македонските медиуми отстапуваат соодветен простор и дали воопшто ја третираат македонската музика во своите медиуми?
Ќе се споредат и искуствата со гостите од регионот, а ќе се разговара и на тема застапеноста на македонската музика во регионалните медиуми.
Зошто медиумите од регионот не ги регистрираат случувањата во Македонија? Дали сметаат дека музичката сцена овде е квалитетна или не?
Дали големината на „пазарот“ го буди или убива интересот? Дали комуникацијата помеѓу бендовите/луѓето од Македонија и медиумите од регионот едноставно не постои…дали допрва треба да се создаваат?
Дали на крајот, се’ останува на интернет/Facebook промоција?
Која е иднината на медиумската застапеност на музиката во медиумите.

Дебатата ќе се оддржи на 06 јуни (САБОТА) во Џебно Кино МКЦ со почеток од 18 часот, влезот е слободен, добредојдени се сите изведувачи, музички промотери, блогери, вљубеници во музиката…

Настанот е под покровителство на Канцеларијата на Европска Унија во Скопје.

Сподели