Почитувани,

Деновие Балканскиот институт за вера и култура е домаќин на Проф. д-р Доналд Хеј, кој до 2009-та година раководел со катедрата по економија на Универзитетот во Оксфорд.
Проф. Хеј ќе одржи предавање насловено „Дали светската економска криза е и морална криза?“ Во Младинскиот културен центар (МКЦ) – сала „Фросина” во четврток 02. април 2015 година со почеток во 19:00 часот.
Прикачени се електронските покани за настанот.
Подолу е и кусата биографија на Проф. Хеј
Срдечно сте добредојдени,

 

————————————————————————————————————
Доналд Хеј е професор емеритус на Универзитетот во Оксфорд. Неговите истражувања ги вклучуваат применетата индустриска економија и релацијата христијанската етика и економијата. Во неговите објавени дела е вклучен еден од првите есеи за стратешкиот антиципиран влез во просторните пазари, есеј за влијанието на производствените фирми на бразилската трговска либерализација. Во ова поле на истражување, професор Хеј има монографија објавена во коавторство со Дерек Морис, Шуџие Јао и Гај Лиу, која го обработува влијанието на пазарната либерализација врз кинеските производствени фирми, а има и објавено книга за христијанството и економијата. Тој исто така со интерес ја анализира реформата на политиките за конкуренција во Велика Британија. Тој има предавано микроекономија, индустриска организација и бил ментор на бројни докторски дисертации по индустриска економија. Заедно со Дерек Морис го објавиле специјализираниот учебникот Индустриска економија и организација: Теорија и искуство (второ издание, 1991).
Во 2000-та, професор Хеј е избран за првиот раководител на отсекот за социјални науки на Универзитетот во Оксфорд, на која останува следните пет години. Тој бил и заменик на вицеканцеларот на Универзитетот во 2006-2007 година и бил одговорен за спроведување на програмата за распределување на универзитетските ресурси во 2009 година.

Сподели