Со гордост ви ја најавуваме големата „Блуз експлозија“ која ќе го погоди Сkопје. Концерт на The Jon Spencer Blues Explosion на 04 септември.
Во организација на МКЦ, а во соработка со Кино Шишка – Љубљана, Жедно Ухо – Загреб и Поп Депресија & Одличан Хрчак – Белград.

04.септември
МКЦ СКопје
Билети во продажба на билетарата на МКЦ и преку продажната мрежа на МК Тикетс

Вечерта ќе ја отворат милениците на скопската публика THE JOHN!

Цена на билет:
30.06 – 31.07 цена на билет 350 денари
01.08 – 03.09 цена на билет 450 денари
На ден на концерт (04.09) цена на билет 600 денари

—————————————————————————————————————————————————————

Њујорк е голем и бучен град. Дел од таа бучава е музика. А дел од таа музика е бучна.

The Jon Spencer Blues Explosion опасно загризува од Големото јаболко со нивната нова плоча, Freedom Tower – No Wave Dance Party 2015, првото издание од новата ера што мора да помине на „детален преглед“!

Како најдобрите плочи што излегуваа од Бронкс, од Лоуер ист сајд, од Гриниџ Вилиџ во 70-тите и 80-тите – Freedom Tower не е обична високооктанска плоча за шизење – таа е документ за Њујорк, хроника за валканиот асфалт, за ужасот и за љубовта!

Тука има сè: и хазардерите, и богатите деца, и настраданите во концертни шутки, и расипаните џандари и измачените уметници, и заборавените сексуални работнички, и славните џет-сет готвачи и лажните рапери. Меѓу овие звуци се и еднособните станови, и луксузните галерии, и мрачните студија на Авенија Б и последниот вистински поет-бунтовник чија мрачна магија го оживува духот на гаражот!

Freedom Tower е радикален портрет на Њујорк, сместен во дивиот рафал на Blues Explosion, заглавен и натоварен со најфаталните, ѕверски гитарски рифови што може да ги поднесе примитивната магнетска лента… Од почеток до крај, Freedom Tower е премодулирана, зготвена на „валкан“ начин и зачинета на крајот со кисел дожд! Freedom Tower е спакувана со битови и ритам што ќе ги натераат дури и најрамнодушните да откачат!

Скоро четврт век, Blues Explosion се потеле, се мрзнеле, јаделе, пиеле, имале секс, се тепале, добивале, губеле, сето тоа во Њујорк, проживувајќи ги некои од најбезвременските моменти на музичкиот хаос од историјата на Менхетен и пошироко. Како и секогаш, Jon Spenser ги кажува приказните, Judah Bauer го свири блузот, а Russel Simins растура на тапани.. И како и секогаш, Blues Explosion згазува силно врз лажната андерграунд оаза промовирана од хипстерската буржоазија и од маркетинг менаџерите, за да го даде вистинското – рокенрол кој е бескомпромисно валкан и силен.  

Спремана и гланцана на тајни свирки и ненајавени концертни термини во театри, хотелски бифеа и други „црни дупки“, а потоа снимана во легендарната Daptone House Of Soul во Bushwick и миксана од култната хип-хоп легенда Alap Momin, во Харлем,Freedom Tower е најпровокативниот доказ за урбаниот занес и дух што некогаш е снимен.

Во Големото јаболко има осум милиони приказни – но има само една Блуз експлозија!

НЕ ЈА ПРОПУШТАЈТЕ НАЈГОЛЕМАТА БЛУЗ ЕКСПЛОЗИЈА ВО СВЕТОТ!
04. септември / МКЦ СКопје.

Сподели