Жири-комисијата за наградата „Роман на годината“ за 2018 година, престижното признание го додели на романот „Некој бил тука“ од Николина Андова Шопова, во издание на „Темплум“.

Во најтесна конкуренција беа и романите „Страв од варвари“ од Петар Андоновски и „Маџун“ од Влада Урошевиќ. Жирито за наградата беше составено од Фросина Пармаковска (претседател), Богомил Ѓузел, Александар Прокопиев, Елизабета Баковска и Катерина Богоева.

Денеска во Културно-информативниот центар во Скопје беше соопштен само насловот на нагредениот роман, додека свеченото врачување на наградата се предвидува за 10 април.

Наградата „Роман на годината“, која годинава се доделува по 20 пат, се состои од плакета, статуетка и паричен износ од 150.000 денари. Ја доделува Фондацијата „Славко Јаневски“ во партнерство со Град Скопје и Културно-информативниот Центар од Скопје и со финансиска поддршка на Министерството за култура. Генерален спонзор на наградата е „Комерцијална банка“ АД.

* текстот е преземен од Радио МОФ