Тiiiit!Inc.
ПРВО ПА ЖЕНСКО #2
07 и 08.03.2014
Младински културен центар

Музичка програма
08.03.2014 | 22.00 | МКЦ

Punchke се all girl трио од Винковци, Хрватска кој се состои од: Луција (гитара/вокал), Руби (тапани) и Ања (бас гитара). Влијанијата на Пунчке може да се пронајдат во бендови како Television, Joy Division, Patti Smith… Кон крајот на 2013 го издаваат својот деби албум “Sunčano s povremenom naoblakom” кој помина подеднакво добро и кај критиката и кај публиката. Албумот се најде на врвот на топ листите на сите релевантни регионални музички портали. Пунчке до сега имаат повеќе од 200 настапи меѓу кои и настапи на фестивали како Теранео, Ин мјузик фестивал… Ова е нивни прв настап во Скопје.

┼ chresus jist ┼ се гаражно бескрупулозно панк-поп трио од улиците на Белград. Мрсни fuzz рифови, планина од noise & reverb, сето тоа во експлозивен и краток сет на моќните Ивана, Филип и Љуба. ПРВО ПА ЖЕНСКО е прилика за прв пат за засвират во Скопје.

Karmakoma се формирани во 2011 од двајца долгогодишни пријатели од Кршко кои својот музички израз го опишуваат како еклектичен микс од рок и електроника. Бендот веднаш приквлекува внимание во Словенија преку Радио Штудент, а во изминативе две години веќе ја делеле бината со бендови како Eyesburn, Demolition Group, the War on Drugs…

Kontradikshn е рок/електроника бенд од Словенија, формиран во 2010 година. Членовите на бендот се другари од средношколските денови. Нивниот стил доаѓа директно од фабрика, а нивните настапи се енергични и бучни.

June е производ на ентузијазмот на тројца инжињери длабоко вљубени во музиката. Формиран во октомври, 2010 од Бојана, Данчо и Филип, бендот остава автентичен траг на македонската музичка сцена, давајќи и здив на свежина со својот микс од indie pop, americana со примеси на акустичен country pop. Досега имаат свирено на неколку фестивали и концерти, меѓу кои и на Таксират 2010, како пред група на Nouvelle Vague, EXIT 2011, Здраво Млади 2012, PIN Conference и други.

Ова е само дел од музичката програма, комплетната програма и сите информации поврзани со настанот следуваат наскоро.

Сподели