Кино Шишка, Moonlee Records, Катаман во соработка со МКЦ го најавуваат музичкиот маратон „од Вардар до Триглав“.

Музичкиот маратон „од Вардар до Триглав“ предвидува есенска турнеја на три музички групи одтри различни града и држави. Тројката ТИ, Trus! и The John ќе настапат на 23.10 во Кино Шишка / Љубљана, 29.10 КЦ Град / Белград и 30.10 во МКЦ / Скопје, со тоа што програмата во Скопје ќе ја збогатат и The Noise Figures од Грција.

ТИ (Белград, Србија)
ТИ е психоделично поп дуо составено од Илија Дуни и Трајче Николовски обајцата по потекло од Македонија.
Илија и Трајче се добро познати на македонската публика и секогаш добро прифатени. ТИ веќе и ги сметаме за домашен бенд, а деби албумот „Видимо се“ дефинитивно влегува во топ 10 албуми за 2014!
http://grupati.bandcamp.com/
http://www.facebook.com/grupa.ti
https://www.youtube.com/watch?v=YT7enWjjqcs
https://www.youtube.com/watch?v=86_Vg_z2oxE
https://www.youtube.com/watch?v=QPIPlAfT0js

TRUS! (Љубљана, Словенија)
Мултижанровското трио TRUS! е новото откритие на словенечката музичка сцена, а во 2013 издадоа дури 2 албума. од кои деби албумот First Step (Moonlee Records, ZARШ) е прогласен за албум на година од страна на култното Радио Штудент, како и според други релевантни словенечки медиуми. TRUS! успешно комбинираат со разиграноста на панк рокот, палавоста на инди-електрониката и заводливоста на треш поп-от. Разноврсното музичко искуство на членовите на бендот се одразува и на нивниот непредвидлив музички израз, што јасно може да се почувствува и во нивните песни, низ која струјат хектични и снажни испади, нежни атмосфери и живописна разиграност. Во загонетната музичка мешавина на групата TRUS! може да се препознаат влијанија на широк спектар на бендови како што се Animal Collective, Deerhoof, Bilk, Milemarker, Stereolab и Trans Am. Сепак, тоа и понатаму не ги обфаќа сите аспекти и разноликоста на нивната музика, причина повеќе да ги начулиме ушите и едноставно да и се препуштиме на музиката.
http://trus-trus.bandcamp.com/
https://www.facebook.com/TRUSband
https://www.youtube.com/watch?v=6WbW1zND7LM

THE JOHN (Скопје, Македонија)
The John е еден од наинтересните бендови на новата македонска музичка сцена. Љупа Ангелов & цо. ќе сурфаат со вас по брановите на психоделијата и панкот со откачени рифови и опак вокал…само треба да се впуштите во нивниот бран.
Хиперпродуктивни, веќе се во студио и го снимаат новото EP по повод на оваа турнеја.
Не пропуштајте да ја видите и слушнете оваа ендемична врста на скопски улични кучиња…
https://the-john.bandcamp.com/
https://www.facebook.com/pages/The-John-official/323097831080209
https://www.youtube.com/watch?v=aNmfKrQzJM8
https://www.youtube.com/watch?v=BdxFjN2sZI8
https://www.youtube.com/watch?v=E-uneqydZeQ

The Noise Figures (Атина, Грција)
Дуото The Noise Figures, од Атина, Грција, свират гаражен блуз рок. Основани се во 2012 г. во состав Георге Никас (вокали, тапани) и Стамос Бампарис (гитара, вокали) и се познати по нивниот суров звук од матни гитари, засилувачи со реверберација, нејасни „уморни“ вокали и стихови инспирирани од патувања, од халуциногени средства и од девојки од комшилак.
По издавањето на синглот „Bitter Taste“ и EP изданието „Turn Off The Lights“ го издаваат нивниот прв албум насловен според бендот за Inner Ear Records во ноември 2013 г. Албумот е составен од 10 песни, резултат е на аналогно снимање, што дава компактен ретро звук. Идеален саундтрак за бегство од урбаните рамки. The Noise Figures имаат свирено низ цела Грција, ја имаат делено сцената со Black Rebel Motorcycle Club, Black Lips, Wooden Shjips, Japandroids, Dead Meadow и многу други. Нивните настапи се ритуал, инспириран од духот на енергијата и од трансформативната моќ на свирењето. Светото лудило на грчките рокери предизвикано од пиење вино и од плодност создава квази-митска аура збогатено со гласното пеење матни гараж рокенрол мелодии исполнети со мистични ѕидови од фидбек.
http://thenoisefigures.bandcamp.com
https://soundcloud.com/thenoisefigures
https://www.facebook.com/thenoisefigures
https://www.youtube.com/watch?v=jUhZ4xuxTwU
https://www.youtube.com/watch?v=NaEh7MKGF-0

Останати линкови:
http://www.kinosiska.si/
http://www.kataman.org/
http://www.moonleerecords.com/

Концертниот циклус, музички маратон „од Вардар до Триглав“ е поддржан од Општина Љубљана и Министерство за Култура на Република Словенија.

 

Сподели