Нов културен простор во градот, социјален центар Дуња! МКЦ им посакува многу успеси, супер настани и истрајност.

СЦ Дуња е солидарен простор отворен за сите неформални и формални групи, самоорганизирани иницијативи, движења, поединци и патници намерници. Ова е простор отворен за среќавање, организирање, вмрежување и спроведување на активности кои преку креативно изразување, социјализирање и развивање на другарство, заедништво и солидарност придонесуваат кон создавање на подобро општество.

Настаните кои ќе се организираат во социјалниот центар се непрофитни и некомерцијални. Спектарот на настани и иницијативи е широк, меѓу кои: изложби, филмски проекции, дебати, работилници, концерти, предавања, промоции, театарски претстави, состаноци… Организаторите велат: “Секој што ги дели нашите вредности е добродојден да организира настан”.

Голем поздрав до иницијаторите Левичарското движење „Солидарност“ и Младинската организација „Мугра“.